Заев и Ципрас бараат решение, без поддршка од опозицијата


За преговорите и договорот околу името меѓу Македонија и Грција има одредени технички проблеми кои треба да се решат меѓу двете страни. Штом тие ќе се остранат ќе се случи телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави вчера премиерот Зоран Заев. – Знаете јас уште на самиот почеток сум оптимист, не би сакал да давам […]

Повеќе од 100 пациенти чекаат Национален координатор за да продолжи трансплантацијата


Министерството за здравство досега не избра Национален координатор за трансплантација,по огласот што заврши на 4 – ти овој месец. Националниот координатор е потребен, меѓу другото,  бидејќи без него не може да се формираат ни другите тела важни за да продолжи кадаверичната трансплантација (од починат донор) , на која веќе три години чекаат повеќе од сто […]

Вкупно 110 лекари заминале од државата за само четири месеци


Во првите четири месеци од годинава 110 лекари побарале потврда за нивниот статус од Лекарската комора, што безмалку е колку потврдите што Комората ги издала за цела 2017 година, кога тој број бил 120. Овие потврди лекарите најчесто ги користат за да заминат на работа во странство, мал дел и за едукација надвор. Но, бројот […]

Outdoor Festival „Малешевска корија“: Љубителите на природата во спортска авантура во Берово


Викендов во Берово и неговата околина ќе се одржи  првиот Outdoor Festival – „Малешевска корија  – спорт авантура 2018“, кој нуди комплетно уживање за љубителите на природата:  две планинско велосипедски тури, планинарска тура, прошетка со водич низ културно-историските знаменитости на Берово и забавен дел со рок бенд. Фестивалот го организира спортско планинскиот клуб „Малешевска корија“.  Настанот е наменет […]

Заврши штрајкот во Грција, отворени граничните премини


Во Грција од утрово е прекинат 24-часовниот штрајк организиран поради најавените нови мерки за штедење. Граничните премини, кои беа блокирани поради штрајкот, повторно се отворени и проодни за возила. Поради штрајкот беа откажани многубројни авионски летови, во прекин беше движењето на фериботите и возовите, како и јавниот сообраќај. Училиштата и болниците исто така беа затворени, […]

Претпладне сончево, попладне грмежи


 Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните и јужните делови ќе има појава на краткотраен локален дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, дневната од 27 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена […]

ЦО на СДСМ му дава поддршка на Заев да носи одлуки за спорот со името


Централниот одбор на СДСМ му даде целосна поддршка на претседателот Заев да ги продолжи разговорите и да носи одлуки во врска со спорот за името. Од партијата соопштија на последната седница на ЦО, се разговарало за актуелната политичка состојба во земјава, за разговорите околу проблемот што Грција го има со нашето уставно име, спроведувањето на […]

Главна расправа за изборните измами во „Титаник“


Во Кривичниот суд Скопје, денеска со главна расправа ќе продолжи рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО во кој обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко,… Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда […]

Цигарите значат смрт за 12 отсто срцево болни луѓе


Употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања, а елиминирање на употребата на тутунот може да заштити милиони луѓе да умрат од срцев и мозочен удар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по повод 31 мај – Светскиот ден без тутун. Под […]

Грција „парализирана“ поради генерален штрајк


Генералниот штрајк, закажан за денеска, се очекува да предизвика откажување и одложувања за летови, фериботи и железнички услуги во Грција, откако синдикатите повикаа на протест против мерките на штедење во земјата. „Ние протестираме против штедењето, високите даноци и невработеноста“, се наведува во вчерашното соопштение на  најголемите приватни и државни синдикални федерации, ГСЕЕ и АДЕДИ. Најголемите грчки […]

Хороскоп: Ваги влезете во битка, Јарци – штедете


ОВЕН: Планетарната слика укажува дека зборувате многу, а не правите ништо – немате идеја како да се извадите од ситуацијата во која што сте и станувате себични, несреќни и се фокусирате на негативното. Не оговарајте, бидејќи и вас ќе ве оговараат – доста се жалите! БИК: Сега е добро да не ја трошите својата сила […]

Денеска сончево, температурата до 32 степени


Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните западни и јужни делови од земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од девет до 17,  дневната од 26 до […]

Затворени се сите три гранични премини кон Грција


Сообраќајот на трите гранични премини кон Грција од денеска е во 24-часовен прекин поради штрајк на грчките цариници. ГП Меџитлија е затворен од ноќеска на полноќ, ГП „Стар Дојран“ од 5 часот, а ГП „Богородица“ е затворен од 7 часот утрово. Како што соопшти МВР, грчките гранични полициски служби известиле дека поради најавениот штрајк на […]

Ципрас: Се наѕира перспектива за решение за името


Се наѕира перспектива за решение за името, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во говор на годишното генерално собрание на Федерацијата на претпријатија на Грција. Говорејќи за улогата на Грција како столб на стабилност на Балканот, Ципрас како пример ја спомена „перспективата за решение што се наѕира во тешките, но неопходни преговори со поранешната југословенска Република […]

Латас и Талески на суд за „Тотал“ и за “Транспортер“


Нови судски рочишта за случаите „Тотал“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство треба се одржат денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во „Тотал“ обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, за затајување на данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „ „Тотал“медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице. По […]

(ВИДЕО) Јосиф, момчето со црвена кожа: Не живеам живот во мрак, туку во надеж


Јосиф Мишевски, момчето со ретката болест ихтиоза е главен лик во краткометражниот филм за оваа болест на кожата што денес беше промовиран во Гостивар. Целта е да се подигне јавната свест за ихтиозата но и да се испрати порака дека треба да градиме  општество еднакво за сите. -Мај е месец за подигнување на јавната свест за […]

Првиот авион во скопска Јурија слетал на 28 мај 1928


На 28 мај 1928 година на Скопскиот аеродром, на просторот на некогашна Јурија, сегашна населба Аеродром, слетал првиот авион на Друштвото за воздушен превоз „Аеропут“, вели Ѓорѓи Чачкиров, кој работи на македонската воздухопловна историја. – Авион од типот „потез 29“ , носел 5 патници и 250 кг. товар. Инаку, идејата за формирање на Друштвото потекнува […]

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на СЈО „Траекторија“ и „Тарифа“. Во случајот „Траекторија“ обвинети се четири службени лица – поранешни високи владини функционери. Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на […]

Премиерот Заев во официјална посета на Малта


Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Малта. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев денеска ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со претседателот на Владата Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации. Македонскиот премиер […]

Прогноза: Претпладне сончево, попладне дожд


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне локално нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југозападните планински делови. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 26 до 32 степена. УВ-индексот […]