Се подготвува нов закон за работни односи


Министерството за труд и социјална политика работи на донесување нов системски закон за работни односи кој треба да биде донесен и да почне да се применува наредната година. Постојното законско решение е донесено во 2005 година и досега има претрпени 24 измени. -По доаѓањето во Министерството за труд исоцијална политика и консултациите со сите претставници …

Се подготвува нов закон за работни односи Read More »

Сообраќајните контроли даваат резултат, се намалува бројот на сообраќајни незгоди


Сообраќајните контроли што се прават на територијата на целата држава врз основа на претходно изработен план даваат резултат. За помалку од месец изречени се над 14.000 санкции во зајакнатите сообраќајни контроли ширум државата и овие мерки даваат резултат, бидејќи до овој момент имаме намалување на 7,5 отсто на бројот на сообраќајни незгоди од почетокот на …

Сообраќајните контроли даваат резултат, се намалува бројот на сообраќајни незгоди Read More »

Целосно укинување на роамингот во регионот во 2021 година


Роамингот во регионот на Западен Балкан ќе биде целосно укинат на 1 јули 2021 година, беше потврдено денеска на отворањето на третиот Дигитален самит на Западен Балкан (ЗБ), чиј домаќин годинава е Тирана. На отворањето на самитот, што се одржува онлајн, генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мелинда Брегу, истакна дека историскиот договор од …

Целосно укинување на роамингот во регионот во 2021 година Read More »

Измените на Законот за заштита од заразни болести утре на собраниска седница, ребалансот на Буџетот на 29 октомври


Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се најдат на 19. собраниска седница закажана за утре, додека за ребалансот на Буџетот најверојатно ќе биде закажана нова седница на 29 октомври, бидејќи тој се уште не е вратен од Владата. Неделната динамика на работата на Собранието е утврдена на денешниот …

Измените на Законот за заштита од заразни болести утре на собраниска седница, ребалансот на Буџетот на 29 октомври Read More »

И Јанакиески во самоизолација место на суд


Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус.Оваа вест денеска беше посочена од судијата Осман Шабани на рочиште за случајот „Топлик“. Адвокатот на Јанакиески на судијата му приложил документ издаден од Државниот санитарен и здравствен инспекторат според кој му се одредува самоизолација на Јанакиески во траење …

И Јанакиески во самоизолација место на суд Read More »

Ќе се отвораат нови оддели за Ковид 19


Отворање на два нови оддела во болницата ГОБ „8 септември“ за хоспитализација на пациенти со ковид-19, предложиле од Комисијата за заразни болести на утринскиот состанок на Кризниот штаб. Поради секојдневниот раст на новозаболени, било предложено проширување на капацитетите и на болницата во Козле, како и отворање на нова лабораторија за тестирање на материјали. -Сметаме дека …

Ќе се отвораат нови оддели за Ковид 19 Read More »

Ќе се допрецизираат одредени прашања од Договорот со Бугарија


Работни групи од Северна Македонија и од Бугарија на дневна основа работат на надминување на разликите на двете земји во однос на примената на Договорот за добрососедство, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи истакна дека за време на неговата посета на Софија било разговарано за разликите од очекувањата и различните интерпретации на …

Ќе се допрецизираат одредени прашања од Договорот со Бугарија Read More »

Домашните слави да се прават само во кругот на семејството


Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства ширум државата ги чествуваат домашните православни празници, преку соопштение упатува aпел до нив празнувањата да бидат исклучиво во кругот на членовите на семејството. Ескалирањето на состојбата со коронавирусот, како што се посочува, е пропратена со изразена локална трансмисија на вирусот, …

Домашните слави да се прават само во кругот на семејството Read More »

Заев: Споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни последици


Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил напиша дека ја прифаќа препораката дадена во рамки на Меѓународната недела на медиумска писменост да се размисли пред некоја содржина да се сподели, бидејќи, како што нагласува, споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни, па дури и фатални последици. – Ја прифаќам препораката да размислам пред да …

Заев: Споделувањето неточни или лажни информации може да предизвика сериозни последици Read More »

Верушевски најплатен, објавени платите на вработените во кабинетот на Заев


Владата на својата интернет-страница започна со објавување на нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, како и на надворешните соработници. Кај вработените убедливо најплатен е поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност добива 74.618 денари. Останатите добиваат 55.268 денари. Засега на листата има само 23 вработени со објавени плати. Надворешни …

Верушевски најплатен, објавени платите на вработените во кабинетот на Заев Read More »

Ковачев бара да се отстрани „бугарски окупатор“ од македонските спомен плочи


Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на својот Фејсбук профил денеска изрази незадоволство дека на плочите на дел од споменците во Македонија стои „бугарски фашистички окупатор“. Тој предлага тоа да се промени и да пишува „германскиот нацистички окупатор на Кралство Југославија и времената бугарска администрација составена основно од Македонци”. „Очигледно за многу наши соседи во Скопје, митовите …

Ковачев бара да се отстрани „бугарски окупатор“ од македонските спомен плочи Read More »

СДСМ усвои партиски Кодекс за етика, лидерот ќе го избира на непосредни избори


СДСМ ги соопшти сите донесени одлуки на денешниот 25. дигитален конгрес. Ова се повечето од нив: – СДСМ е една од ретките партии која воведе целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените рамноправно, токму поради ова направи уште поголема демократизација на партијата и унапредување на позициите на жените и младите во СДСМ и …

СДСМ усвои партиски Кодекс за етика, лидерот ќе го избира на непосредни избори Read More »

Пицула: СДСМ го избра вистинскиот пат до прогрес


Хрватскиот европратеник Тонино Пицула преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави одржувањето на онлајн конгресот на СДСМ и донесувањето на одлука за целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените во органите и телата на партијата. – Честитки до македонските пријатели во СДСМ и до Зоран Заев кои денес одржаа дигитален конгрес. Го избраа вистинскиот …

Пицула: СДСМ го избра вистинскиот пат до прогрес Read More »

Заев: Подготвени сме да дадеме изјава за немешање во Бугарија


Премиерот Зоран Заев денеска одоговарајќи на новинарско прашање најави дека Владата е подготвена да даде усна или писмена изјава дека Република Северна Македонија нема територијални претензии кон Бугарија, како и уште еднаш да потврди дека нема да се меша во нејзината внатрешна политика. -Точно е, дека нема потреба од нов Договор, и Бугарија се согласува …

Заев: Подготвени сме да дадеме изјава за немешање во Бугарија Read More »

Заев: СДСМ се демократизира од овој конгрес


Лидерот на СДСМ Зоран Заев го отвори 25. Конгрес на СДСМ, кој за првпат се одржува дигитално, на далечина со цел да се заштити јавното здравје.  Во своето обраќање,  Заев посочи дека со овој Конгрес, СДСМ покажува одговорност во заштита на јавното здравје, а истовремено ги почитува статутарните одредби и уште повеќе се демократизира. „Во …

Заев: СДСМ се демократизира од овој конгрес Read More »

Синот на Амди Бајрам: „Татко ми почина од мозочен удар, не од коронавирус“


„Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен“, изјави за „Фокус“ синот на Амди бајрам, Габриел. „Дента пред да почине, сè беше во ред, никој не …

Синот на Амди Бајрам: „Татко ми почина од мозочен удар, не од коронавирус“ Read More »

Шпанија прогласи вонредна состојба и воведе полициски час


Владата на Шпанија денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, донесе одлука за воведување втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината. Првата траеше од март …

Шпанија прогласи вонредна состојба и воведе полициски час Read More »

Во Словенија од денеска во болниците само пациенти со Ковид-19 и итни случаи


Од денеска, приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итни случаи и оние кои се заболени од Ковид-19. Ттоа беше пропишано со указ издаден синоќа од министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар. Иако Универзитетскиот клинички центар во Словенија, најголемата здравствена установа во земјата и неколку други болници започнаа да …

Во Словенија од денеска во болниците само пациенти со Ковид-19 и итни случаи Read More »

Денес ќе биде погребан Амди Бајрам, апел да се почитуваат мерките за епидемијата


Општината Шуто Оризари денешниот ден  ќе го прогласи за ден на жалост во чест на починатиот Амди Бајрам. Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом ќе тргне  погребната поворка. По социјалните мрежи се споделува повикот сите Роми и не-Роми да се придружат на поворката од 14 часот. Министерството за …

Денес ќе биде погребан Амди Бајрам, апел да се почитуваат мерките за епидемијата Read More »

Денес дигитален конгрес на СДСМ


Владејачката партија СДСМ денеска ќе го одржи 25. Конгрес, кој ќе биде прв дигитален во земјава, а за таа цел, како што нагласува партијата, ќе се користат современи дигитални платформи и алатки. Првиот дигитален Конгрес на СДСМ ќе се одржи преку електронска платформа Зум, а партијата на овој чекор се решила заради заштита на здравјето на …

Денес дигитален конгрес на СДСМ Read More »