И Јанакиески во самоизолација место на суд


Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески е во самоизолација поради контакт со заболен од коронавирус.Оваа вест денеска беше посочена од судијата Осман Шабани на рочиште за случајот „Топлик“.

Адвокатот на Јанакиески на судијата му приложил документ издаден од Државниот санитарен и здравствен инспекторат според кој му се одредува самоизолација на Јанакиески во траење од 14 дена.

Следното рочиште за „Топлик“ е закажано за 18 ноември.