Верушевски најплатен, објавени платите на вработените во кабинетот на Заев


Фото: Б. Грданоски

Владата на својата интернет-страница започна со објавување на нето-платите на вработените во кабинетот на премиерот Зоран Заев, како и на надворешните соработници.

Кај вработените убедливо најплатен е поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, кој како советник за национална безбедност добива 74.618 денари. Останатите добиваат 55.268 денари. Засега на листата има само 23 вработени со објавени плати.

Надворешни соработници  има само четворица, а најплатена е Нина Фити-Неделковска, инаку ќерка на професорот и академик Таки Фити, со 50.000 денари нето приход.