Синот на Амди Бајрам: „Татко ми почина од мозочен удар, не од коронавирус“


„Татко ми беше дијабетичар цели 20 години. Исто така одеше на дијализа, имаше повеќе здравствени проблеми. Два дена пред да почине, беше на дијализа, според процедурата, тогаш му беше направен корона вирус тест, а резултатот беше негативен“, изјави за „Фокус“ синот на Амди бајрам, Габриел.

„Дента пред да почине, сè беше во ред, никој не можеше да претпостави што нè чека. Но, вчера, околу 11 часот, мајка ми сакала да го разбуди, кога забележала дека устата му е помодрена, а тој бил во несвесна состојба. Поради дијабетесот со кој се бори долг период, сме имале слични случки, таа веднаш му измери шеќер, бројките покажаа 1,2. Повикавме брза помош, дојдоа, и заминавме право во клиниката на д-р Жан Митрев. По патот тој беше свесен. Кога стигнавме во болницата, чекавме околу десет минути пред вратата на ургентното одделение, тогаш татко ми почина на носилката, пред влезот“, вели синот на Амди Бајрам.