Шпанија прогласи вонредна состојба и воведе полициски час


МАДРИД, ШПАНИЈА Грст автомобили на улицата „Гран виа“. Половина од заболените лица во Шпанија се во Мадрид

Владата на Шпанија денеска прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро.

Со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, донесе одлука за воведување втора вонредна состојба во земјата од почетокот на годината.

Првата траеше од март до јуни, а втората може да трае до април 2021 година.

Минатата недела Шпанија стана првата земја во Европа и шеста во светот што регистрираше еден милион случаи на инфекција со Ковид-19.