Пицула: СДСМ го избра вистинскиот пат до прогрес

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави одржувањето на онлајн конгресот на СДСМ и донесувањето на одлука за целосна родова еднаквост и учество на мажите и жените во органите и телата на партијата.

– Честитки до македонските пријатели во СДСМ и до Зоран Заев кои денес одржаа дигитален конгрес. Го избраа вистинскиот пат за да се спроведат прогресивни промени и да се оди напред. Ја поздравувам силната иницијатива за клучното учество на жените и на младите при донесувањето на одлуки, напиша Пицула на Твитер.