ВМРО-ДПМНЕ: Тестирањето од корона стана милионски бизнис


ВМРО-ДПМНЕ го нарече шверцерско  ноќното објавување на бројот на починати и новозаразени, порачувајќи дека тоа нема да ја намали одговорноста и неспособноста на гробарскиот тандем Заев- Филипче. -Секој ден е нов пик на новозаразени, и секој ден губиме по десетина наши сограѓани заради неспособноста на Филипче. Македонија е на врвот на листата на смртност во …

ВМРО-ДПМНЕ: Тестирањето од корона стана милионски бизнис Read More »

СДСМ: Мицкоски бара парламентарни избори, а бега од локалните


СДСМ реагира на најавениот бојкот на изборите во Штип од страна на ВМРО-ДПМНЕ кој се оправдан со актуелната ситуација со епидемијаа. – Губитникот Христијан Мицкоски бега од изборно соочување во Штип, свесен дека го очекува уште еден пораз од граѓаните за неговите деструктивни, безидејни политики, неконструктивното однесување и немањето став за прашањата, клучни за иднината …

СДСМ: Мицкоски бара парламентарни избори, а бега од локалните Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Место новогодишно украсување да се купат лаптопи за ученици


Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара наместо да се потрошат планираните 200 илјади евра за новогодишно украсување на градот, градоначалникот Петре Шилегов да ги донира за купување на лаптоп уреди за учениците. -На расипничкото и безобѕирно трошење на парите на скопјани треба да се стави крај. Имено во деновите кога градот Скопје е …

ВМРО-ДПМНЕ: Место новогодишно украсување да се купат лаптопи за ученици Read More »

Републиканскиот сенатор Мит Ромни му ја честиташе победата на Бајден


Сенаторот Мит Ромни, републиканец од Јута и кандидат за претседател на Републиканците за 2012 година и неговата сопруга попладнево упатија честитки до избраниот претседател Џо Бајден „Ен и јас им упатуваме честитки на новоизбраниот претседател Џо Бајден и на новоизбраната потпретседателка Камала Харис. И двајцата ги познаваме како луѓе со добра волја и восхитувачки карактер. …

Републиканскиот сенатор Мит Ромни му ја честиташе победата на Бајден Read More »

Пендаровски до Бајден: Oчекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи


Претседателот Стево Пендаровски ја честиташе победата на Џо Бајден за претседател на САД, како и на потпреседателката Камала Харис. -Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за изборната победа! Очекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи, а САД да ја реафирмира својата глобална улога во зачувувањето на заедничките вредности: мирот, безбедноста и демократијата, напиша претседателот Пендаровски …

Пендаровски до Бајден: Oчекувам македонско-американското стратешко партнерство да продолжи Read More »

Каракачанов: Бугарија го спроведува Договорот за соседство, Скопје ја потценува ситуацијата


Вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов изјави денес  дека сè уште може да се најде решение за тоа дали ЕУ треба да започне преговори со Северна Македонија. Според него, ние во Скопје сме ја потцениле ситуацијата сметајќи дека Бугарија ќе направи отстапки во име на добрите односи. „Се обидуваме да ги поддржиме да ги исполнат критериумите, …

Каракачанов: Бугарија го спроведува Договорот за соседство, Скопје ја потценува ситуацијата Read More »

Пердју: Ќе биде штета ако заради историја Македонија и Бугарија станат непријатели


Штета ќе биде доколку Бугарија го запре процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, изјави американскиот дипломат Џејмс  Пердју во коментар за одбивањето на бугарската влада да ја прифати рамката за преговори за Скопје, во емисијата „Сабота 150“. Според него има опасност двете страни да направат голема грешка. „Национален интерес на Бугарија …

Пердју: Ќе биде штета ако заради историја Македонија и Бугарија станат непријатели Read More »

Гир: Соживотот на јазиците во ЕУ е моќен симбол за единство преку разноликост


Јазичната разноликост е вклучена во европското право и во повелбата на основните права и во договорот за основање на ЕУ. Соживотот на јазиците во ЕУ е моќен симбол за аспирациите на Унијата за единство преку разноликост, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на отворањето на Осмата меѓународна конференција „На прагот на иднината: Што по 2020?“, организирана од …

Гир: Соживотот на јазиците во ЕУ е моќен симбол за единство преку разноликост Read More »

Што содржи обвинението на Хаг против Хашим Тачи и „криминално здружение“ ОВК?


Стравот овие денови владее во сите држави во регионот каде што има тогашни членови на ОВК, бидејќи обвинението на Хаг очигледно ќе се проширува кон членовите на, како што стои официјално во обвинението „joint criminal enterprise“, или во превод „заедничкото криминално здружение“ на воени команданти   Слободанка Јовановска Специјалниот суд за Косово го објави обвинението …

Што содржи обвинението на Хаг против Хашим Тачи и „криминално здружение“ ОВК? Read More »

Османи: Блокадата од Бугарија е неуспех, но конечната одлука се носи на Советот на министри


Неуспехот денеска да се постигне согласност и да се поддржи усвојувањето на Рамката за преговори за Северна Македонија не е добра вест, но сепак, не значи дека на наредните состаноци нема да се постигне согласност. Конечната одлука се носи на Советот на министри, што треба да се одржи за една недела, и овој простор од …

Османи: Блокадата од Бугарија е неуспех, но конечната одлука се носи на Советот на министри Read More »

Бугарија не сакала нејзините условувања да завршат како декларација на ЕУ


Агенцијата БГНЕС извести дека Бугарија го одбила предлогот во ЕУ нејзините барања да бидат ставени во декларација надвор од преговарачката рамка, за да даде зелено светло за започнување на преговорите со Македонија. Бугарското МНР објави дека Бугарија официјално ја известила Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената рамка за преговори за …

Бугарија не сакала нејзините условувања да завршат како декларација на ЕУ Read More »

Џорџија повторно ќе ги пребројува сите гласови


Официјални претставници на американската сојузна држава Џорџија, една од клучните за исходот од изборите во САД, денеска најавија дека во ова држава ќе има пребројување на сите пристигнати гласови, пред сѐ, поради многу малата разлика во гласовите. Државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, изјави дека гласовите во таа држава повторно ќе бидат преброени. „Ќе има …

Џорџија повторно ќе ги пребројува сите гласови Read More »

По Косово, Хаг ќе апси и во Албанија


Налози за апсење од Хашкиот тробунал може да бидат издадени и за албански државјани кои живеат во Албанија, јави Топ чанел телевизија. Дипломатски извор добро упатен со развојот на настаните во овој случај, за новинарот на Топ Чанел Мухамед Велиу изјавил дека последните апсења на поранешни високи лидери на ОВК на Косово се само почеток …

По Косово, Хаг ќе апси и во Албанија Read More »

Влада: Разочарани сме од одлуката на Бугарија


Разочарани сме од одлуката на Република Бугарија да не го поддржи усвојувањето на Рамката за преговори за Северна Македонија, што не е во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017, брифираат од Владата откако денеска на состанокот на КОРЕПЕР не беше постигната согласност за усвојување на преговарачката рамка за почеток на пристапните …

Влада: Разочарани сме од одлуката на Бугарија Read More »

СДСМ до Мицкоски: Избори ќе има во декември, осмели се и учествувај


СДСМ го нарече политички дилентатизам последното обрќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кое побара предвремени избори, а дотогаш влада на национален спас бидејќи по негова оценка состојбата во земјата била катастрофална а блокадата од Бугарија покажала дека политиката на Зоран Заев на свитката кичма не дала резултат бидејќи не ја свиткал доволно кичмата. …

СДСМ до Мицкоски: Избори ќе има во декември, осмели се и учествувај Read More »

Полицијата на ЕУЛЕКС упадна во домовите на Тачи и Весели


 Припадници на полицијата на Мисијата на Европската унија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС упаднаа денеска во домот на досегашниот претседател на државата Хашим Тачи во местото Чаглавица во близина на косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина. Полицајци и истражители на ЕУЛЕКС, придружувани од припадници на косовската полција, денеска ги претресоа и домовите на лидерот …

Полицијата на ЕУЛЕКС упадна во домовите на Тачи и Весели Read More »

Јово Вангеловски се луксузирал, но законски


Државната комисија за спречување на корупцијата ја запре постапката по предметот на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра, бидејќи по добиените информации се утврдува дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности. Членот на ДКСК Нури Бајрами, кој го …

Јово Вангеловски се луксузирал, но законски Read More »

Заев: Се уште не се размислува за полициски час и карантин


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште нема показатели кои би укажувале дека е потребно да се воведе полициски час или карантин поради пандемијата со корона-вирусот. Јас лично, рече Заев, сум против вакви мерки, но не е исклучено да се донесат, доколку Комисијата за заразни болести процени дека се потребни и ги препорача. Со …

Заев: Се уште не се размислува за полициски час и карантин Read More »

Филипче: Не излегувајте од дома


Mинистерот за здравство Венко Филипче ги повика граѓаните да не излегуваат од дома ако немаат суштинска потреба бидејќи ситуацијата е сериозна. „Состојбата е крајно сериозна, здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот. Да се заглагодарам на сите здравствени работници за натчовечките напори. Знам дека се преморени, но верувам дека ќе одговориме на овој …

Филипче: Не излегувајте од дома Read More »

Фирма увезла тутун, не ја платилала акцизата од милион евра


Царинската управа до Основното јавно обвинителство во Велес поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Велес и против одговорното лице во правното лице со иницијали Б.А., поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Избегнување на плаќање  акциза“. Станува збор за увезен тутун пуштен во промет во акцизното подрачје без притоа да се …

Фирма увезла тутун, не ја платилала акцизата од милион евра Read More »