Каракачанов: Бугарија го спроведува Договорот за соседство, Скопје ја потценува ситуацијата

Вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов изјави денес  дека сè уште може да се најде решение за тоа дали ЕУ треба да започне преговори со Северна Македонија. Според него, ние во Скопје сме ја потцениле ситуацијата сметајќи дека Бугарија ќе направи отстапки во име на добрите односи.

„Се обидуваме да ги поддржиме да ги исполнат критериумите, од кои едниот е да ги решиме билатералните проблеми со соседите, но тие очигледно не сакаат. Значи, ние го исполнуваме нашиот договор, тие не “, коментира Каракачанов како одговор на изјавата на премиерот  Зоран Заев дека Бугарија го прекрши членот  2 од Договорот за добрососедство.