Богдановиќ верува дека се искрени намерите на Црвенковски


Градоналаникот на Центар, Саша Богдановиќ, верувадека се искрени намерите на екс претседателот Бранко Црвенковски и ги прифаќа неговите критики и сугестии. -Станува збор за осетлива тема која што допира до секој од нас. Не сакам од старт да давам осуди за било што за да не влијаеме во процесот на преговарање. Има податоци за кои …

Богдановиќ верува дека се искрени намерите на Црвенковски Read More »

Миланов бара да се повлече обвинението за 27 април по сведочењето на Заев


Адвокатот Еленко Миланов смета дека сведочењето на Зоран Заев мора да се сфати сериозно, бидејќи тоа го говори човек кој има пристап до сите безбедносни информации во државата. Ако првиот човек на државата во изминатите четири години како премиер, со пристап до сите безбедносни информации, каже дека организатори за настаните од 27 април сигурно не …

Миланов бара да се повлече обвинението за 27 април по сведочењето на Заев Read More »

ЕУ обезбеди вакцини за себе, за Западен Балкан и за Африка


Европската унија ќе добие околу две милијарди дози вакцини против коронавирусот, соопшти денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. За време на видеоконференцијата со австрискиот канцелар Себастијан Курц, таа рече дека тоа значи оти со таа количина ќе можат да се вакцинираат 700 милиони луѓе и додаде дека тоа подразбира и граѓани од Западен Балкан и Африка. …

ЕУ обезбеди вакцини за себе, за Западен Балкан и за Африка Read More »

Спасовски: Кризната состојба не значи повеќе полицајци на улиците


Прогласувањето на кризната состојба не значи дека граѓаните ќе гледаат зголемен број полицајци или војници по улиците заради спроведување на мерките, туку можност сите ресурси во државата да се искористат максимално во координација на сите надлежни органии и институции, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од безбедносен аспект, додава министерот, состојбата е мирна, стабилна …

Спасовски: Кризната состојба не значи повеќе полицајци на улиците Read More »

Покачената температура на Спиро Ристовски го прекина судењето за „27 април“


Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година се одложува за 2 декември, откако според протоколите на обвинетиот Спиро Ристовски не му е дозволен влез во судската зграда поради покачена телесна температура. Ристовски, присуствуваше на првиот дел од рочиштето, кога сведочеше премиерот Зоран Заев, но по паузата му била измерена повисока …

Покачената температура на Спиро Ристовски го прекина судењето за „27 април“ Read More »

Нешков: Интервјуто предизвика земјотрес во Скопје


Не невреме, туку земјотрес со јачина од 9 степени предизвика ова интервју во Република Северна Македонија. Такво обединување на длабоката држава, за кое и самиот Заев потврди дека постои, не постои од 1945 година, изјави  авторот на интервјуто со премиерот Зоран Заев, Љубчо Нешков. Нешков истакна дека Зоран Заев се дистанцирал од кампањата против Бугарија, …

Нешков: Интервјуто предизвика земјотрес во Скопје Read More »

Заев: Миле, Спиро и Трајко не беа организатори на 27 април


Премиерот Зоран Заев во својот исказ пред судот изјави дека обвинетите за настаните од 27 не се организатори туку биле изманипулирани од Никола Груевски. -Како човек кој беше жртва, логично мислам дека има организатор тој настан, но како информиран човек, не мислам дека главни осмислувачи, мотиватори и организатори се Миле, Спиро, Трајко. Според моите сознанија, …

Заев: Миле, Спиро и Трајко не беа организатори на 27 април Read More »

Полска и Унгарија сакаат да ги добијат парите, а потоа да расправаат дали може да се условат со владеење на правото


Полска сака ЕУ сериозно да го сфати ветото на Варшава и Будимпешта и да продолжи да бара компромисно решение, изјави министерот за надворешни работи Жбињев Рау.Рау рече дека Полска има конкретни сомнежи во врска со оваа специфична ситуација и оти бара сериозно да се сфати нејзиното вето, јави полската државна новинска агенција ПАП. – Очекуваме одговор на …

Полска и Унгарија сакаат да ги добијат парите, а потоа да расправаат дали може да се условат со владеење на правото Read More »

Димитров: Не се откажуваме ни од македонскиот идентите, ни од европската иднина


Прашањето на јазикот и идентитетот е резултат на еден историски процес и ние не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме. Напорите уште продолжуваат. Меѓутоа ние немаме намера да дигнеме раце и да се откажеме од нашата европска иднина, ниту пак имаме намера да го допреме, или да дозволиме да биде допрен македонскиот …

Димитров: Не се откажуваме ни од македонскиот идентите, ни од европската иднина Read More »

ЛДП бара средба на коалициските партнери по ветото и интервјуто на Заев


 ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС. По одржаниот состанок во партијата, ЛДП излезе и со други заклучоци: – ЛДП се залага за решавање на сите отворени прашања преку отворен дијалог, врз основа на взаемно почитување, …

ЛДП бара средба на коалициските партнери по ветото и интервјуто на Заев Read More »

Денес судење за 27 април, Заев сведок?


Премиерот Зоран Заев денеска треба да се појави на суд како сведок за настаните на „27 април“. Тој како тогашен лидер на опозицијата треба да одговори за текот на конститутивната седница, изборот на Талат Џафери за спикер, како и за инцидетите кои следеа по неговиот избор. Покрај Заев, денеска треба да сведочи и лидерот на …

Денес судење за 27 април, Заев сведок? Read More »

Мицкоски најави покренување расправа за доверба на Владата


Мора да се водиме од фактичка ситуација во смисла на историски факти. Не смееме да седнеме на маса и да преговараме за нешто што не е за преговарање. Како дојдовме во оваа ситуација да се преговара за тоа. Некој ги изгубил сите преговарачки позиции, се однесува како коцкар на покер кој залутал во политиката и …

Мицкоски најави покренување расправа за доверба на Владата Read More »

Софија вознемирена од објавувањето на податоци за лицата со бугарски пасош


Бугарија ги цени брзите потези на властите во Скопје за палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи, но очекува брза реакција и за тоа што податоци за лица со бугарско државјанство кои живеат на територијата на Република Северна Македонија биле дистрибуирани на фејсбук. Ова му било кажано на вршителот на …

Софија вознемирена од објавувањето на податоци за лицата со бугарски пасош Read More »

Каракачанов со владини пари бара бугарски карактер на НОБ во Македонија


Бугарската влада веќе петта година по ред го финансира здружението „Македонски научен институт“ (МНИ) кое, меѓудругото, има за цел да ја „расветлува насилната денационализација на бугарското население во Македонија“, пишува денес „Дојче Веле“. Бугарските медиуми го пренесуваат истражувањето на бугарската редакција на „Слободна Европа“, во кое се наведува дека за таа цел досега од парите …

Каракачанов со владини пари бара бугарски карактер на НОБ во Македонија Read More »

Заедничко интервју на Рот и Димитров


Германското претседателство со ЕУ е во секојдневен близок контакт со Северна Македонија и Бугарија во потрага по решение за спорот кое би го отворило патот за почеток на пристапните преговори во декември годинава, вели за Ди Велт германскиот министер за Европа Михаел Рот. Тој и вицепремиерот Никола Димитров дадоа заедничко интервју за денешниот број на весникот Ди Велт во кое ги …

Заедничко интервју на Рот и Димитров Read More »

Захариева пак тврди дека имаме ист јазик


Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, во интервјуто за “Ефе”, кое го пренесува БГНЕС, оценува дека односите меѓу двете соседни земји треба да наликуваат на односите кои денес ги имаат Шпанија и земјите од Латинска Америка. “Фактот дека Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански јазик, не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека во еден …

Захариева пак тврди дека имаме ист јазик Read More »

Шекеринска и Маричиќ застанаа зад ставовите на Заев


По генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, со поддршка на ставовите на лидерот Зоран Заев и како одговор на повикот на екс лидерот Бранко Црвенковски, излегоа и Радмила Шекеринска и Бојан Маричиќ. -Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата …

Шекеринска и Маричиќ застанаа зад ставовите на Заев Read More »

Собранието ја избра Добрила Кацарска за уставен судија


Собранието на Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот суд беше претходно завршен. По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата. Кацарска доаѓа на функцијата уставен судија од местото …

Собранието ја избра Добрила Кацарска за уставен судија Read More »

ВМРО-Народна ја смета за храбра позицијата на Заев


Во врска со вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција (БГНЕС), ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја, наведено е во соопштението. Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, …

ВМРО-Народна ја смета за храбра позицијата на Заев Read More »

Софија Куновска бара оставка од Заев


Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од СДСМ и од фунцијата премиер, смета актерката и поранешна пратеничка и претседателка на Форумот на жени на СДСМ, Софија Куновска. Во нејзината реакција на социјалните мрежи, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, Куновска вели дека тие треба веднаш да …

Софија Куновска бара оставка од Заев Read More »