Покачената температура на Спиро Ристовски го прекина судењето за „27 април“


Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година се одложува за 2 декември, откако според протоколите на обвинетиот Спиро Ристовски не му е дозволен влез во судската зграда поради покачена телесна температура.

Ристовски, присуствуваше на првиот дел од рочиштето, кога сведочеше премиерот Зоран Заев, но по паузата му била измерена повисока температура и не му било дозволено да влезе за  вториот дел, кога требаше да сведочи пратеникот Африм Гаши.