Богдановиќ верува дека се искрени намерите на Црвенковски

Градоналаникот на Центар, Саша Богдановиќ, верувадека се искрени намерите на екс претседателот Бранко Црвенковски и ги прифаќа неговите критики и сугестии.

-Станува збор за осетлива тема која што допира до секој од нас. Не сакам од старт да давам осуди за било што за да не влијаеме во процесот на преговарање. Има податоци за кои што сме запознаени, а има и такви за кои не сме запознаени. Треба да оставиме простор и време за да видиме што значи тој договор и на крај секој од нас ќе си го каже својот став. Многу ни е важно сите да знаеме која ни е целта и патот по кој одиме, но исто така е важно да знаеме која е цената што ние како општество треба да ја платиме. Верувам дека се искрени намерите, и како сугестија и како критика, со цел да се постигне единство како држава, не само како партија. Само така ќе имаме исчекор во процесот во кој долго време бевме заглавени, рече Богдановиќ