Софија вознемирена од објавувањето на податоци за лицата со бугарски пасош


Бугарија ги цени брзите потези на властите во Скопје за палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи, но очекува брза реакција и за тоа што податоци за лица со бугарско државјанство кои живеат на територијата на Република Северна Македонија биле дистрибуирани на фејсбук. Ова му било кажано на вршителот на должност амбасадор на Република Северна Македонија кој вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Како што јавија од Министерството по средбата, Бугарија очекува тие податоци и реакциите на граѓаните кон лицата со бугарско државјанство да запрат.

Инаку, лично Захариева мафташе и се фалеше со бројки  на македонски државјани што имаат и бугарски пасош, злоупотребувајќи ги во контекст на тврдењата дека Македонија има бугарски карактер, додека Андреј Ковачев преку медиумите се закануваше дека ќе се објават податоците за тие што имаат бугарски пасош а сега изнесуваат негативни ставови за преговорите со Бугарија.