Заев: Миле, Спиро и Трајко не беа организатори на 27 април


Премиерот Зоран Заев во својот исказ пред судот изјави дека обвинетите за настаните од 27 не се организатори туку биле изманипулирани од Никола Груевски.

-Како човек кој беше жртва, логично мислам дека има организатор тој настан, но како информиран човек, не мислам дека главни осмислувачи, мотиватори и организатори се Миле, Спиро, Трајко. Според моите сознанија, овие луѓе се изманипулирани од Груевски и според мене, не мислам дека се организатори на тој громорозен настан, туку се изманипулирани од Груевски, изјави во судницата Заев.

– Сите верувам дека посакуваат да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи, рече Заев.

На ваквиот исказ реагираше обвинителката која го води предметот.Според Вилма Русковска, сведокот не бил повикан да дава свои мислења за настанот туку да каже што слушнал и видел. 

На почетокот на денешното рочиште, Заев рече дека не може да дадам забелешки во однос на водењето на конститутивната седница на 27 април 2017 година.

-Тоа што беше поинакво тој ден беше давањето на збор на пратеници на крајот од говорница или нивно неспречување надвор од Деловникот на неколку минути пред крајот на седницата, изјави премиерот Заев, одговарајќи како сведок на судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прашан дали конститутивната седница завршила тој ден, Заев рече „да“, точката за избор на претседател на Собранието, заврши на седницата на  27 април.

Заев, кој е повикан како сведок на одбраната, на прашање на бранителот на обвинетиот Трајко Вељановски, рече дека бил присутен на продолжението на конститутивната седница на 17 април 2017 година во Собранието.

Прашан дали спикерот Трајко Вељановски повикал некој пратеник да се откаже од правото на збор, Заев рече дека не се сеќава дека имало повик до некој пратеник да се откаже од правото на збор.

– Се сеќавам на седницата и не можам да изразам забелешка дека на некој пратеник му било скратено деловничко правото на збор, изјави Заев.

Прашан дали тој лично потпишал барање за продолжување на конститутивната седница, Заев рече дека не се сеќава точно, но дека е сосема можно.

– Логично е дека како претседател на парламентарното мнозинство во тој дел сум барал, заедно со останатите колеги, да продолжи седницата се до нејзино завршување, изјави Заев.

На денешното рочиште треба да сведочи и пратеникот Адрим Гаши.Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.