Законот за потекло на имот на проверка во Советот на Европа


 Драфт верзијата на законот за потекло на имот денеска е затворена и се решени сите прашања. Ова се информации коишто доаѓаат од работната група под водство на Советот на Европа. Сега ќе се разгледува законот од страна на експертите на Советот на Европа, по што ќе го отвориме за јавноста и верувам дека тоа ќе …

Законот за потекло на имот на проверка во Советот на Европа Read More »

Откриена дрога во возило на МВР на албанско-црногорската граница


 Дрога е запленета вчера на црногорскиот граничен премин Сукобин во автомобил со регистерски таблички од Северна Македонија, кој се движел од правец на Албанија кон Црна Гора. Дрогата е пронајдена во полициско возило, а како што соопшти царинската служба на Црна Гора службеници на царинска испостава во Сукобин во координација со полициската управа заплениле дрога …

Откриена дрога во возило на МВР на албанско-црногорската граница Read More »

Законот за легализација на дивоградбите повторно ќе се гласа


Новиот закон за легализација на дивоградбите ќе се носи по локалните избори, а со него ќе бидат опфатени објектите, кои на диво се граделе до 1 јануари 2021 година, најави денеска Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Министерот не открива детали детали што има во законот, но откри дека од вчера е и доставен …

Законот за легализација на дивоградбите повторно ќе се гласа Read More »

(ВИДЕО) Пендаровски преку ОН и прати порака на ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски нешто пред 18 часот по македонско време се  обрати на Генералното собрание на ОН. Во говорот тој се осврна на состојбата во и околу Авганистан, климатските промени и перспективите на младите. На домашен план тој го отвори проблемот со евроинтеграцијата на Македонија и регионот порачувајќи дека е крајно време да се постави …

(ВИДЕО) Пендаровски преку ОН и прати порака на ЕУ Read More »

(Галерија) „Денови на медот“: Пчелите и медот да бидат заштитени со закон


Медот во земјава повеќе се консумира како лек, а не како храна. Трошиме помалку од еден килограм по глава на жител, за разлика од Словенија која троши девет или Јапонија која троши 16 килограми по глава на жител. Да го смениме односот и да го прифатиме медот како значаен производ во исхраната. Да се едуцираме …

(Галерија) „Денови на медот“: Пчелите и медот да бидат заштитени со закон Read More »

ВМРО-Народна: Бришењето на „бугарски окупатор“ не е негирање на идентитетот


ВМРО-Народна партија на Љупчо Георгиевски го поддржа премиерот Зоран Заев во намерата да го избрише зборот „бугарски“ од описот „фашистички окупатор“.   -Вообичаено кога зборуваме за компромиси кои треба да ги направиме со нашиот сосед Република Бугарија, противниците на таа идеја го изнесуваат аргументот дека со тоа се негира нашиот идентитет и македонската нација. Во најновиот …

ВМРО-Народна: Бришењето на „бугарски окупатор“ не е негирање на идентитетот Read More »

Промовиран новиот Електронски систем за поднесување поплаки за јавната администрација


 Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќир денеска го презентираа новиот „Електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација“. Веќе од утре, како што најави вицепремиерот Николовски, граѓаните непречено …

Промовиран новиот Електронски систем за поднесување поплаки за јавната администрација Read More »

Наскоро скрининг на раширеноста на корона вирусот кај учениците


Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе почне да се спроведува скрининг на учениците во основните и средните училишта во државата. Деновиве, како што напомена, методологијата за овој скрининг ќе биде детално презентирана. -Следните денови детално ќе ја презентираме методологијата за скринингот за тестирање на учениците во основните и средните училишта. Факт е …

Наскоро скрининг на раширеноста на корона вирусот кај учениците Read More »

Уште една прекината комисиска седница во Собранието


Продолжението на 11. седница на собраниската Комисија за образование и наука беше прекината на самиот почеток кога претседателката Жаклина Лазаревска побара од пратениците да се откажат од процедуралните излагања, како што рече,  во интерес на образованието и науката. -Досега постапувавте недемократски и не се држите на Деловникот кога барате процедурални, им рече Лазаревска на опозициските …

Уште една прекината комисиска седница во Собранието Read More »

Насмеан, млад, кул и диктатор: Кој е Најиб Букеле, новата политичка икона во Ел Салвадор?


Претседателот Најиб Букеле, обвинет на меѓународно ниво и дома за покажување авторитарни амбиции, во понеделникот се прогласи себеси за „диктатор на Ел Салвадор“, во потсмевачки поздрав до неговите критичари.На Твитер, алатка која 40-годишниот милениумски претседател ја користи често, Букеле ја смени својата биографија од „таткото на Лејла“ во „Диктатор на Ел Салвадор“. Овој потег дојде …

Насмеан, млад, кул и диктатор: Кој е Најиб Букеле, новата политичка икона во Ел Салвадор? Read More »

Пописот при крај, попишани 1.309.840 лица


 Вкупно 1.309.840 лица, 405.266 домаќинства и 556.415 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.982 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 …

Пописот при крај, попишани 1.309.840 лица Read More »

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ


Премиерот Зоран Заев на состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ порачал дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата, соопштија од Владата откако Заев синоќа го одржал редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии од овие држави. „Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и …

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ Read More »

Пендаровски очекува 70 отсто од граѓаните во Македонија да бидат вакцинирани годинава


Вакцинацијата против Ковид-19 ширум светот е од клучно значење без одлагање, рече претседателот Стево Пендаровски во видео обраќањето на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19 „Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната“. Самитот е организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што …

Пендаровски очекува 70 отсто од граѓаните во Македонија да бидат вакцинирани годинава Read More »

ДКСК: Градоначалници со општински пари купуваат гориво за приватни возила


  Потпретседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Катица Николовска денеска на јавната дебата посветена на претстојните локални избори рече дека дел од градоначалниците трошат општински средства за набавка на гориво за приватни возила кои се во функција на изборните активности.   – Знаејќи дека ДКСК воспостави механизам да следи дали службените возила се …

ДКСК: Градоначалници со општински пари купуваат гориво за приватни возила Read More »

Спасов контра Заев за бугарските фашисти


Екс-амбасадорот на Македонија во Бугарија, Ѓорѓи Спасов, реагираше на најавата од премиерот Зоран Заев дека од спомениците и од учебниците ќе се брише описот „бугарски“ пред  фашистички окупатор. Тоа, смета Спасов, не можеме да си го дозволиме поради жртвите од фашизмот.     „Имало ли бугарски фашисти во Македонија во време на Втората светска војна, како …

Спасов контра Заев за бугарските фашисти Read More »

Германија го предложи Гебрејесус за втор мандат на чело на СЗО


Германија го предложи за втор мандат актуелниот генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Етиопјанецот Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти денеска германското Министерство за здравство. – Германија го именува Тедрос за нов мандат, изјави портпарол на германското Министерство. Официјалната поддршка на една земја е неопходна за некој да биде кандидат. Во 2017 година, Тедрос Аданом Гебрејесус …

Германија го предложи Гебрејесус за втор мандат на чело на СЗО Read More »

Нови правила за невакцинирани во Германија – нема плата за време на карантин


 Германските здравствени власти планираат нови правила според кои невакцинираните работници нема да добијат надомест на плата доколку мерките за коронавирус ги принудат на карантин. Новите правила ги подготвува германското Министерство за здравство, и треба да стапат во сила најдоцна на 11 октомври. Новите правила ќе влијаат на луѓето кои се позитивни на коронавирус, како и …

Нови правила за невакцинирани во Германија – нема плата за време на карантин Read More »

Макрон денеска ќе разговара со Бајден за кризата со подморниците


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе разговара со својот американски колега Џо Бајден за кризата што се случи меѓу Париз и Вашингтон поврзана со раскинатиот договор со Австралија за набавка на подморници, објави портпарол на француската Влада. Се очекува во телефонски разговор да ги разјаснат условите во кои беше објавено формирањето на новиот сојуз, како …

Макрон денеска ќе разговара со Бајден за кризата со подморниците Read More »

ССМ до пратениците: Престанете со политичките игри околу прогласувањето на недела за неработен ден


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска повторно ги повика пратениците да престанат со политичките игри и да ги изгласаат измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден. – Апелираме пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, што тие губат и каква штета на работникот му …

ССМ до пратениците: Престанете со политичките игри околу прогласувањето на недела за неработен ден Read More »

Ќе се конфискува имот над 30.000 евра ако не може да се докаже потеклото


    Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава. Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски денеска во обраќањето на конференцијата за …

Ќе се конфискува имот над 30.000 евра ако не може да се докаже потеклото Read More »