Столтенберг останува шеф на НАТО уште една година


  Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе остане на функцијата уште една година поради војната во Украина, соопшти денеска Алијансата, пренесе ДПА. Столтенберг, кому годинава му завршуваше мандатот на чело на Алијансата,  од септември требаше да ја преземе функцијата гувернер на Народната банка на Норвешка, за што имаше согласност од норвешката Влада. Меѓутоа, кризата …

Столтенберг останува шеф на НАТО уште една година Read More »

Украина бомбардирана петпати повеќе од Сирија


За еден месец откако трае воената инвазија на Украина од страна на Русија, украинските градови се бомбардирани со 1.100 руски ракети. Ова е 5 пати повеќе од бомбардирањето на Сирија за 5 години, што го покажува нивото на разурнување во оваа земја што не е видено од Втората светска војна.

Кремљ ги негира гласините за здравjето на министерот за одбрана Шојгу


Кремљ ги отфрли шпекулациите за тоа каде се наоѓа министерот за одбрана Сергеј Шојгу, кој со недели не се појавуваше во јавноста, јави ДПА. – Министерот за одбрана е многу зафатен, рече прес-секретарот на Кремљ Дмитриј Песков, додавајќи дека е „сосема разбирливо“ што ова не е момент за појавување во медиумите. Руските медиуми изразија изненадување …

Кремљ ги негира гласините за здравjето на министерот за одбрана Шојгу Read More »

Македонија обезбеди привремено сместување на 68 Авганистанци


Северна Македонија согласно активностите и преземените обврски од нашето членство во НАТО обезбеди привремено сместување на 68 Авганистанци, наши сојузници, кои претходно беа ангажирани од страна на НАТО за време на мисијата во Авганистан, соопшти Министерството за надворешни работи. Оваа група, посочуваат од Министерството, е дел од поголемата група Авганистанци кои беа сместени во базата …

Македонија обезбеди привремено сместување на 68 Авганистанци Read More »

Која е Вагнер групата којa е цел на новите британски санкции?


Велика Британија најави 65 нови санкции за руски компании и олигарси. Меѓу санкционираните е и Вагнер групата. Би-Би-Си појаснува која е оваа група и зошто е санкционирана. Организацијата е група платеници која првпат беше идентификувана во 2014 година кога ги поддржуваше проруските сепаратисти во конфликтот во источна Украина. Оттогаш, таа е вклучена и во други …

Која е Вагнер групата којa е цел на новите британски санкции? Read More »

Украинското знаме подигнато во Херсон, градот окупиран од Русија


Градоначалникот на украинскиот град Херсон, окупиран од Русија, Ихор Колихајев, објави фотографии од долго украинско знаме поставено на ѕидот на градското собрание. Руските сили обично се стационирани во градското собрание, но се чини дека не интервенирале, јави Си-Ен-Ен. На фотографиите се гледаат работници на кран како го поставуваат новото знаме. – Ноќта кога беше гранатиран …

Украинското знаме подигнато во Херсон, градот окупиран од Русија Read More »

Песков: Абрамович беше дел од првата фаза преговори


 Санкционираниот олигарх Роман Абрамович имал улога во мировните преговори меѓу Русија и Украина, тврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јави Би-Би-Си. Песков појасни дека сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, „бил дел од првата фаза“, но, сега процесот е во рацете на преговарачките тимови на двете земји. Тој се осврна и на последното протерување на американски …

Песков: Абрамович беше дел од првата фаза преговори Read More »

НАТО одобри распоредување борбени единици во Романија


 Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска воочи вонредниот самит на НАТО изјави дека Северноатлантската алијанса одобрила распоредување борбена група во Романија. „Веќе имаме многу добри вести“ е коментарот на Јоханис на одлуката на НАТО, појаснувајќи дека распоредувањето војници е на барање на Романија додека Франција ќе биде предводник на единиците во земјата. Според него, преку дополнителни …

НАТО одобри распоредување борбени единици во Романија Read More »

Обраќање на Зеленски на Самитот на НАТО: Русија употреби фосфорни бомби


Украинскиот претседател Володомир Зеленски во денешното обраќање преку видео-линк на НАТО Самитот во Брисел ја обвини Русија дека при инвазијата на неговата земја употребила фосфорни бомби. – Повторно, деца умираат, луѓе умираат, изјави тој пред лидерите на шефовите на држави или влади од земјите-членки на НАТО. Тој не приложи никаков доказ за тврдењето дека Русија …

Обраќање на Зеленски на Самитот на НАТО: Русија употреби фосфорни бомби Read More »

Реновирана зградата на „Шестата управа“ во МВР


 Извршувањето на градежните работи на реновираниот објект на Одделот за заштита на определени личности и објекти (ОЗОЛО) – познат како „Шеста управа“ во Скопје, е завршено навремено и квалитетно и со тоа го добивме овој 72-ри реконструиран објект. Издвоени се финансиски средства во висина од 9,6 милиони денари од буџетот на МВР, изјави министерот за …

Реновирана зградата на „Шестата управа“ во МВР Read More »

ОМВ: Ќе продолжиме да плаќаме за рускиот гас во евра, а не во рубљи


 Австриската групација за нафта и гас ОМВ ќе продолжи да го плаќа рускиот гас во евра, а не во рубљи, изјави извршниот директор Алфред Стајн. „Ова е основата на нашиот договор, не смеам да постапувам поинаку“, изјави шефот на австриската компанија во интервју за телевизијата Пулс24. Тој рече дека ја видел објавата на рускиот претседател …

ОМВ: Ќе продолжиме да плаќаме за рускиот гас во евра, а не во рубљи Read More »

Јанша: Руското гранатирање може да предизвика хемиска „катастрофа“


Руското гранатирање на хемиски погони во Украина може да предизвика „катастрофа од големи размери“, предупреди словенечкиот премиер Јанез Јанша на почетокот на специјалниот самит на НАТО. – Загрижени сме кога гледаме дека руските сили гранатираат хемиски постројки и слични објекти. Ова може да предизвика катастрофа од големи размери, рече тој. Тој додаде дека не мисли …

Јанша: Руското гранатирање може да предизвика хемиска „катастрофа“ Read More »

Седум од десет Грци против Русија во војната со Украина


Седум од десет Грци се против Русија во војната со Украина, речиси шест од десет има негативни чувства за Русија, исто толку ги поддржуваат санкциите за Москва, а 66 отсто не се согласуваат со одлуката на грчката Влада да испрати воен материјал и оружје за украинската војска, покажуваат резултатите од двете нови истражувања на јавното …

Седум од десет Грци против Русија во војната со Украина Read More »

Украинската армија уништила брод на руската морнарица во Бердјанск


Украинската армија соопшти дека голем руски брод е уништен во близина на јужниот пристаништен град Бердјанск. Во објава на Фејсбук, морнарицата на Украина соопшти дека голем десантен брод – „Орск“ – утрово бил погоден и запален во Азовското Море. – Големиот десантен брод Орск на Црноморската флота на окупаторите е уништен во пристаништето Бердјанск заробено …

Украинската армија уништила брод на руската морнарица во Бердјанск Read More »

Пекинг: Тврдењата на НАТО дека Кина ја поддржува Русија е дезинформација


  Пекинг го обвини генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за „ширење дезинформации“ тврдејќи дека Кина ја поддржала руската војна против Украина во услови на зголемен меѓународен притисок да се дистанцира од Москва. Кина одбива да го осуди својот близок сојузник Русија за инвазијата на Украина и заостанува зад многу други земји во обезбедувањето хуманитарна …

Пекинг: Тврдењата на НАТО дека Кина ја поддржува Русија е дезинформација Read More »

Ковачевски: Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа го прави во Украина


Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на  вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО што денеска се одржува Брисел.Премиерот Ковачевски, кој на состанокот е заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјавата за медиумите пред почетокот на Самитот, …

Ковачевски: Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа го прави во Украина Read More »

Компаниите во Грција ќе ги пријавуваат резервите со прехранбени продукти


Резервите на одредени прехранбени продукти како што се житарици, пченица, пченка, овес, ‘рж, јачмен, брашно, сончогледово и растително масло, компаниите во Грција ќе треба да ги пријавуваат на конкретна електронска платформа за да се избегне нелојална конкуренција, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретниот амандман веќе е изгласан во грчкиот Парламент, а министерот за развој …

Компаниите во Грција ќе ги пријавуваат резервите со прехранбени продукти Read More »

Мартенс: Да се разјасни како инвеститорите можат да аплицираат за поставување фотоволтаици


Треба да се разјасни како инвеститорите во техничко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) можат да аплицираат за добивање дозвола за поставување фотоволтаични модули на крововите на своите производни капацитети со цел производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс. Според Мартенс, фотоволтаични системи со инсталирана моќност до еден мегават …

Мартенс: Да се разјасни како инвеститорите можат да аплицираат за поставување фотоволтаици Read More »

Спасовски тврди дека нема селективна борба против корупцијата


 Нема селективна борба против корупцијата, сите се еднакви пред законот. Не штитиме никого, ниту од коалицијата, никого воопшто, затоа што така штетиме на државата, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на неговиот фејбук профил. – Сите институции да ја промениме и борбата и перцепцијата на граѓаните за корупцијата, мораме системски да го менуваме …

Спасовски тврди дека нема селективна борба против корупцијата Read More »

Столтенберг може уште година – две да остане на функција во НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг би можел да остане на функцијата подолго од планираното, така што нема да биде гувернер на норвешката Централна банка на крајот на годината, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии. – Се подготвуваме за ситуацијата Јенс Столтенберг да остане подолго на чело на НАТО. Не знаеме колку долго би можело …

Столтенберг може уште година – две да остане на функција во НАТО Read More »