Јанша: Руското гранатирање може да предизвика хемиска „катастрофа“


Руското гранатирање на хемиски погони во Украина може да предизвика „катастрофа од големи размери“, предупреди словенечкиот премиер Јанез Јанша на почетокот на специјалниот самит на НАТО.

– Загрижени сме кога гледаме дека руските сили гранатираат хемиски постројки и слични објекти. Ова може да предизвика катастрофа од големи размери, рече тој.

Тој додаде дека не мисли дека руската војска намерно ќе користи хемиско или биолошко оружје од тактички причини, додавајќи дека тоа би било „многу немудро“.