Украинското знаме подигнато во Херсон, градот окупиран од Русија


Градоначалникот на украинскиот град Херсон, окупиран од Русија, Ихор Колихајев, објави фотографии од долго украинско знаме поставено на ѕидот на градското собрание.

Руските сили обично се стационирани во градското собрание, но се чини дека не интервенирале, јави Си-Ен-Ен.

На фотографиите се гледаат работници на кран како го поставуваат новото знаме.

– Ноќта кога беше гранатиран градскиот совет, жицата на која се наоѓаше нашето национално знаме беше оштетена. Денеска најдовме начин да ја замениме. Имајте убав ден, мој граду-херој, додаде Колихајев.