Ковачевски: Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа го прави во Украина


Премиерот Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на  вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО што денеска се одржува Брисел.Премиерот Ковачевски, кој на состанокот е заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјавата за медиумите пред почетокот на Самитот, соопшти дека самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што Русија го прави во Украина.
 
-Сметаме дека мирното решение е единствениот начин за решавање на ова прашање. Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава.

На состаноците кои претходеа на овој самит во НАТО беше разговарано за зацврстување на источното крило и тоа секако ќе биде дискутирано и на овој вонреден самит. Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе понуди соодветна помош на украинскиот народ. Сега е време кога слободниот народ на Украина има потреба од помош од демократскиот свет, порача Ковачевски пред состанокот.