Генерален штрајк утре ќе ја парализира Грција


Двата најголеми грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за утре закажаа 24-часовен генерален штрајк во Грција што ќе ја парализира земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Синдикатите ќе одржат и протест во центарот на Атина, а штрајкот е против покачувањата на цените, сиромаштијата и нееднаквоста и со барање за зголемување на …

Генерален штрајк утре ќе ја парализира Грција Read More »

Зеленски: Ќе прифатиме членство во НАТО ако ни го понудат, без разлика на Русија


На Украина и се потребни „сериозни играчи кои се подготвени да одат до крај“ кога станува збор за безбедносните гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на државната телевизија. Зеленски рече дека сè уште нема „конкретен список на земји кои се подготвени да бидат 100 проценти посветени на Украина“. Тој додаде дека Украина во моментов преговара за безбедносни гаранции со …

Зеленски: Ќе прифатиме членство во НАТО ако ни го понудат, без разлика на Русија Read More »

Кој лаже за Буча?


Официјална Москва ги отфрли обвинувањата за стотици мртви цивили во Буча, тврдејќи дека кога руските сили го напуштиле градот немало тела на улиците, иако градот со недели беше изложен на силни бомбардирања и борби.  Истражувачки тим на „Њујорк Тајмс“ нивните тврдења ги демантираше со сателитски снимки направени многу пред повлекувањето на руските војници на кои …

Кој лаже за Буча? Read More »

Сведоштва од Буча: Луѓето плачеа кога ќе видеа леб, секој ден некој требаше да биде погребан


  Ако сакате да ја дознаете приказната зад мртвите тела, прочитајте го интервјуто со локалниот жител, Владислав Козловски, што го пренесува истражувачката мрежа „Белингкет“, кој бил очевидец на егзекуциите на локалните жители во Буча и живеел во окупираниот град еден месец. Со нив се криел во засолништето од бомби додека не дошле руските војници и …

Сведоштва од Буча: Луѓето плачеа кога ќе видеа леб, секој ден некој требаше да биде погребан Read More »

Германија до граѓаните со руско потекло: Не наседнувајте на пропагандата на Кремљ


 Германската влада ги предупреди граѓаните со руско потекло во Германија да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ. Владата ги повика граѓаните со руско потекло да се информираат од независни извори за војната во Украина. „Никој не треба да верува во кампањата за дезинформации на руските државни медиуми, кои известуваат цинично и со презир кон жртвите“, …

Германија до граѓаните со руско потекло: Не наседнувајте на пропагандата на Кремљ Read More »

Кремљ ја осуди намерата на Полска  да дозволи поставување нуклеарно оружје


Кремљ денеска ги осуди коментарите на лидерот на полската владејачка партија Јарослав Качински, кој изјави дека Варшава ќе биде отворена за инсталирање американско нуклеарно оружје на своја територија и го поздрави зголемувањето на бројот на американски војници во Европа за 50 отсто. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени дека таквиот потег само ќе доведе до …

Кремљ ја осуди намерата на Полска  да дозволи поставување нуклеарно оружје Read More »

Ескобар: Украинската криза нема да се прелее во Западен Балкан


Војната во Украина не може да се прелее во БиХ и соседството, а Хрватска е пример за паметна енергетска политика, изјави денеска американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар. На американско-хрватскиот форум, Ескобар рече дека „не мисли дека“ украинската криза може да се префрли во хрватското соседство, бидејќи таа доведе до враќање на европскиот …

Ескобар: Украинската криза нема да се прелее во Западен Балкан Read More »

ЕП бара истрага за офшор компаниите на Мило Ѓукановиќ и неговиот син


Европратениците поднесоа 236 амандмани на нацрт-извештајот  за Црна Гора, чиј автор е известувачот Тонино Пицула. Со измените, чија содржина протече во јавноста, поконкретно се бара реформа на изборното законодавство, посилна борба против корупцијата и заштита на правата на националните малцинства. Еден од амандманите се однесува на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, пишуваат тамошните медиуми.   „Црна …

ЕП бара истрага за офшор компаниите на Мило Ѓукановиќ и неговиот син Read More »

Брнз: Неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност


 НАТО е група од 30 суверени, независни земји кои споделуваат заеднички идеали за заштита на своите граѓани, почитување на нивните соседи и обезбедување посигурна, стабилна иднина за цела Европа. Посветеноста на Северна Македонија на овие принципи е несомнено силна. А со Северна Македонија, сојузот само се засили, изјави американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на одбележувањето …

Брнз: Неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност Read More »

Блинкен и Столтенберг се воздржуваат од означување на акциите на Русија „геноцид“


Високи претставници на САД и НАТО одбија  да ги означат активностите на Русија во Украина како „геноцид“, барем не сè уште.На прашањето дали агресијата на Москва е еднаква на геноцид, државниот секретар Антони Блинкен рече: „Ќе погледнеме добро, ќе документираме сè што ќе видиме“ и „ќе го собереме сето тоа“ за „релевантните институции и организации“. …

Блинкен и Столтенберг се воздржуваат од означување на акциите на Русија „геноцид“ Read More »

Орбан веќе ја постави сцената за нови битки со ЕУ


  БУДИМПЕШТА – Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе остане на главната маса на ЕУ – што значи повеќе судири околу основните вредности на блокот и поголем притисок за да се заземе цврст став кон Москва. Десничарскиот популистички лидер го освои четвртиот последователен мандат на изборите во неделата, при што неговата владејачка партија Фидес ќе заземе …

Орбан веќе ја постави сцената за нови битки со ЕУ Read More »

Одеса минатата ноќ била цел на руски напади


Пристанишниот град Одеса на југот на Украина беше цел на руски воздушни напади во текот на ноќта, изјави утринава претставникот на оперативниот штаб на Регионалната воена управа на Одеса, Сергеј Брачук. – Врз еден од окрузите на Одеса беа лансирани неколку проектили, и погоден е еден објект, рече Брачук, пренесува Си-Ен-Ен. Руските сили ракетираа складиште за гориво …

Одеса минатата ноќ била цел на руски напади Read More »

Романија ќе им дава таблети со јод на граѓаните заради војната во Украина


Романија започнува кампања за информирање на своите граѓани за тоа како да складираат и земаат таблети со јод во случај на нуклеарен инцидент, додека руската офанзива во соседна Украина продолжува. „Во моментов, не постои никаква опасност поради која е неопходно да се земаат овие таблети“, се вели во денешното соопштение на романското Министерство за здравство. …

Романија ќе им дава таблети со јод на граѓаните заради војната во Украина Read More »

Захарова: Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека снимките од загинатите цивили во Буча биле „нарачани“ од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува Скај Њуз. – Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа. Таа вели дека …

Захарова: Снимките од Буча се „нарачка“ од САД и НАТО Read More »

ЕУ в среда ќе разговара за уште еден пакет санкции против Русија


Европската унија размислува за дополнителни санкции против Русија и релевантните предлози ќе бидат разгледани в среда, објави Фајненшл тајмс. „Понатамошни санкции и поддршка од ЕУ се на пат“, соопшѓти синоќа претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел преку Твитер, како реакција на настаните во Буча. „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува …

ЕУ в среда ќе разговара за уште еден пакет санкции против Русија Read More »

Орбан го нарече Зеленски „противник“ 


Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого западните медиуми го квалификуваат како про-Путин, прогласи победа на националните избори во земјата, обезбедувајќи четвр последователен мандат на власт. – Оваа победа треба да се памети, можеби дури и до крајот на нашите животи, затоа што имавме најголем (број на противници] кои требаше да ги совладаме, изјави Орбан, пренесува „Гардијан“. …

Орбан го нарече Зеленски „противник“  Read More »

Британија и помага на Македонија да ги постигне целите на НАТО


Од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО пред две години, Обединетото Кралство тесно соработуваше со Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на реализацијата на целите на способности поставени од Алијансата, вели британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј по повод 4 Април, Ден на НАТО. Нашата работа, додава Галовеј, подразбира редовно распоредување на краткорочни тимови …

Британија и помага на Македонија да ги постигне целите на НАТО Read More »

Мицкоски во штабот на Орбан да ја слави победата


Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, се во Будимпешта, каде ги следат резултатите од парламентарните избори во оваа земја, соопшти Мицкоски на Фејсбук. Тој вели дека очекува нова победа за Орбан, чијашто партија Фидес, како и ВМРО-ДПМНЕ, е дел од Европската народна партија, која ги обединува десничарските политички сили во Европа. …

Мицкоски во штабот на Орбан да ја слави победата Read More »

Вучиќ победи во првиот круг на претседателските избори


На пребројани 1,04 отсто од гласовите Александар Вучиќ водеше на претседателските избори пред останатите кандидати дури со 72, 62 отсто. Втор по него беше  Здравко Понош со само 8,8 отсто гласови. Резултатите ги објави Републичката изборна комисија. Иако станува збор за премалку пребројани гласови, ниту еден од другите противкандидати нема повеќе од едноцифрена поддршка, така …

Вучиќ победи во првиот круг на претседателските избори Read More »

Орбан со нова победа, води со 56 отсто од гласовите


По пребројувањето на повеќе од половина од гласовите на унгарските парламентарни избори владеачката партија на премиерот Виктор Орбан, Фидес, води со 56 отсто, што е  сигнал дека проблематичниот лидер во  ЕУ  е уште пред една победа која ќе му обезбеди четврти мандат на чело на унгарската влада.  Второпласирана е опозициската коалиција на Петер Марки Зеј …

Орбан со нова победа, води со 56 отсто од гласовите Read More »