Вучиќ победи во првиот круг на претседателските избори

Според Вучиќ, кој се пофали со 59,9 отсто освоени гласови, Србија драматично тргнала надесно поради влијанието на украинската криза.


На пребројани 1,04 отсто од гласовите Александар Вучиќ водеше на претседателските избори пред останатите кандидати дури со 72, 62 отсто. Втор по него беше  Здравко Понош со само 8,8 отсто гласови. Резултатите ги објави Републичката изборна комисија.

Иако станува збор за премалку пребројани гласови, ниту еден од другите противкандидати нема повеќе од едноцифрена поддршка, така што победата на Вучиќ  е очекувана. Според излезните  анкети во Србија, Вучиќ победува со повеќе од 60 отсто од гласовите, што значи дека нема да има втор круг. Официјалните резултати ќе се објават  утре до 20 часот .  Обраќајќи се по првите резултати Вучиќ не беше ни егзалтиран од нив, бидејќи е научен да победува. Според неговите податоци, тој рече дека освоил 59,9 отсто од гласовите и дека веќе извојувал победа на претседателските избори во првиот круг. Притоа се пофали дека ниту еднаш неговиот избор не  бил тесен, не пак неизвесен.   

„Сакам прво да им честитам на сите. Она што е важно за земјата е дека влијанието на украинската криза беше огромно врз изборните резултати, што Србија драматично тргна надесно. Тоа ќе го земеме предвид при формирањето на Владата. Ова ви го кажувам затоа што Србија ќе треба да одлучи како ќе биде во иднина, а пред да си заминам како лидер на партијата што ја предводам немам илузии дека ќе разговарма со сите политички фактори бидејќи нè очекуваат тешки времиња“ – рече Вучиќ.

Тој додаде дека во Владата нема да има место за оние кои ќе се занимаваат со „лагодна политика“.

„ Имаме порелевантни резултати, и од Косово и од странство. Според нас, листата „Александар Вучиќ – Заедно можеме се“ освоила 44 отсто од гласовите, поточно 43,95 отсто, „Обединети за победа на Србија“ – 13,6 отсто, а листата „Ивица Дачиќ – премиер на Србија” 11,4 отсто. НАДА освоила 5,3 отсто, Мораме 4,7 отсто, додека Заветници и Двери 3,8 отсто…, рече тој. Во мандати, како што оцени, тоа значи дека на списокот на СНС ќе има 124-125 пратеници, односно дека мнозинството за независна влада е тесно, но чесно можат да напрват постабилна со плус партии.

Колку пратници ќе освои опозицијата, особено коалицијатата Обединета Србија која ја сочинуваат-Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ, Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац и  Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Павле Грбовиќ, а наедно и кои се партии ќе го надминат изборниот цензус од 3 отсто, официјално ќе се дознае утре.Интересен ќе биде и исходот од гласањето во Белград, каде опозицијата очекуваше победа и дали кандидатот со македонско потекло Тома Фила ќе биде новиот градоначалник на Белград.