Јорданскиот крал го стави во домашен притвор својот полубрат


Јорданскиот крал Абдула Втори денеска во многу остро писмо јавно го потврди своето несогласување со својот полубрат принцот Хамза и го официјализираше куќниот притвор на поранешниот престолонаследник, нарекувајќи го „нестабилен“. Како што е наведено во писмото, кралот одобрил притворање на принцот Хамза во неговата палата и ги ограничил неговите комуникации и движење, наведувајќи ги како …

Јорданскиот крал го стави во домашен притвор својот полубрат Read More »

Од Азовстал досега се предадоа 959 украински војници


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 959 украински војници од опколената челичарница Азовстал се предале оваа недела. – Во текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти се предадоа, вклучително и 29 повредени, соопшти Министерството. Во соопштението се додава дека од 16 мај се предале „959 милитанти, меѓу кои и 80 повредени“. 

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер


Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите. Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпрочени температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа …

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер Read More »

АВМУ го осуди повикувањето на Делeвска во полиција


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повикувањето на  новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст и истакнува дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на медиумите. Апсолутно е неприфатливо да се повикуваат новинари на информативни разговори за објавени написи од јавен интерес, бидејќи можат да бидат протолкувани како …

АВМУ го осуди повикувањето на Делeвска во полиција Read More »

Како работеа енергетските компании додека дивееја цените на струјата?


Есента 2021 година ќе биде запаметана по енормниот скок на цените на електричната енергија, и според сите предвидувања, високи цените и понатаму ќе се задржат. Растот на цените на берзите го запали алармот за зголемување на домашното производство на секаков можен начин. Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) пак, испорачуваа струја по веќе договрена цена со …

Како работеа енергетските компании додека дивееја цените на струјата? Read More »

Велика Британија  потопла од Крит, Миконос и Санторини


Велика Британија  е  потопла од Крит, по најавите дека температурите деновиве ќе достигнат до 26 степени Целзиусови во најтоплиот ден од годината. Температурите веќе достигнаа 22 степени Целзиусови во југоисточниот дел. Делови од земјата ќе бидат потопли од некои грчки острови како Санторини  и Миконос, па дури и ќе го надминат Лос Анџелес во Калифорнија …

Велика Британија  потопла од Крит, Миконос и Санторини Read More »

Кремљ: Бранителите на Мариупол ќе бидат третирани во согласност со „меѓународните закони“


Стотици украински борци од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол се однесени на територии под контрола на Русија, пренесе Би-Би-Си. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира за статусот на евакуираните војници и не одговори дали украинските војници ќе бидат третирани како воени злосторници или како воени заробеници. – Путин гарантира дека тие ќе бидат третирани во согласност со …

Кремљ: Бранителите на Мариупол ќе бидат третирани во согласност со „меѓународните закони“ Read More »

Грант од три милиони евра за реконструкција на 30 училишни спортски сали


Со три милиони евра неповратен грант од Банката за развој при Советот на Европа ќе бидат реконструирани 30 спортски сали во основни и средни училишта и ќе биде набавена спортска опрема за 50 сали во основни училишта. Рокот за реализација на грантот за кој се наменети средствата е крајот на 2024 година. Договорот за грантот …

Грант од три милиони евра за реконструкција на 30 училишни спортски сали Read More »

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска


Министерството за правда соопшти дека е формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст. -Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен …

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска Read More »

Линде го потпиша барањето на Шведска за влез во НАТО


 Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО. Бидејќи руската инвазија на Украина предизвикува радикален развој на европската безбедност и геополитика, оваа акција го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување во воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на децениската воена неутралност. Шведската министерка за надворешни работи изјави …

Линде го потпиша барањето на Шведска за влез во НАТО Read More »

Првпат по 50 години Конгресот на САД ќе расправа за НЛО


Двајца високи претставници на американското воено разузнавање денеска треба да сведочат во Конгресот за тоа што знае владата за неидентификуваните летечки објекти. Ова е прва јавна расправа во Конгресот за НЛО по повеќе од 50 години. Сослушувањето пред Поткомитетот за разузнавање на Претставничкиот дом доаѓа 11 месеци по извештајот во кој се документирани повеќе од …

Првпат по 50 години Конгресот на САД ќе расправа за НЛО Read More »

Мицкоски за блокадата: Сѐ е на маса, освен напуштање на парламентот


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека на Извршниот комитет ќе се разговара за следните чекори на партијата околу блокадата, порачувајќи дека се е на маса освен напуштање на Собранието. „Па, нели, според СДСМ и ДУИ нема блокада, ја совладале блокадата. Јас така знам, тие велат ја совладале блокадата и нема блокада и Собранието …

Мицкоски за блокадата: Сѐ е на маса, освен напуштање на парламентот Read More »

Ангеловска-Бежоска:Каматните стапки ќе одат нагоре


Очекувањата се дека каматните стапки ќе одат нагоре, но се прават обиди тоа да биде умерено и да не се одрази значително кај населението и корпоративниот сектор, изјави денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Одговарајќи на новинарски прашања по објавувањето на пролетните макроекономски проекции, гувернерката рече дека затегнувањето на монетарната политика се прави внимателно …

Ангеловска-Бежоска:Каматните стапки ќе одат нагоре Read More »

Со ембарго на ЕУ или не – Германија ќе престане да увезува руска нафта до крајот на годинава


  Германија планира да го прекине увозот на руска нафта до крајот на 2022 година, дури и ако ЕУ не успее да се договори за ембарго на нафта. За ова пишува Блумберг, повикувајќи се на извори во германската влада. Според нив, процесот на затворање зделки со алтернативни добавувачи оди добро, а Берлин очекува да ги …

Со ембарго на ЕУ или не – Германија ќе престане да увезува руска нафта до крајот на годинава Read More »

Корчок: Нема причина да се одложуваат преговорите со Скопје и Тирана


Словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок, бара без одлагање да започнат формално преговорите за членство меѓу ЕУ и Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефот на словачката дипломатија, Корчок пред денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, изјави дека една од неговите главни пораки денеска ќе биде дека мора …

Корчок: Нема причина да се одложуваат преговорите со Скопје и Тирана Read More »

Шведска праќа дипломати во Турција за да се надминат приговорите за НАТО


 Шведска праќа дипломати во Турција за да се обидат да ги надминат приговорите на земјата околу шведскиот план да му се приклучи на НАТО, јави Би-Би-Си. Потегот е во моментот кога се очекува Шведска официјално да се огласи околу барањето за влез во Алијансата. Финска веќе потврди дека ќе поднесе барање за членство. Турција, што …

Шведска праќа дипломати во Турција за да се надминат приговорите за НАТО Read More »

Нова грижа за европските лидери: Што ако победи Украина?


  БЕРЛИН – Во последното продолжение на Изборот за песна на Евровизија, Европејците ја искористија можноста да покажат солидарност со Украина и да му удрат по нос Владимир Путин. Но, подалеку од ентузијазмот за победничкиот влез на Украина на тој фестивал на камперски игри, плитка симболика и лош англиски јазик, најмоќните престолнини на континентот почнаа да …

Нова грижа за европските лидери: Што ако победи Украина? Read More »

ВМРО-ДПМНЕ го нарече премиерот Ковачевски „будала“


  Речникот во политиката одамна е отиден под долните граници, но секогаш има можност да се оди уште подолу. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешеното стандардно утринско соопштение му го прилепи епитетот „будала“ на премиерот Димитар Ковачевски околу неговите (не)реакции на скандалозната снимка на спикерот Талат Џафери во Собранието, која е полна со навреди до вработени. Во …

ВМРО-ДПМНЕ го нарече премиерот Ковачевски „будала“ Read More »

Во погоните на „Рено“ во Русија сега ќе се произведува „москвич“


  Руските средства на француската групација „Рено“ преминуваат во државна сопственост, соопшти Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација. Така, 67,69 отсто од акциите на концернот „АвтоВАЗ“, во сопственост на групацијата Рено, ќе бидат префрлени на Научно-истражувачкиот автомобилски и автомобилски институт (НАМИ), а 100 отсто од акциите на „Рено Русија“ ќе ѝ припаднат на …

Во погоните на „Рено“ во Русија сега ќе се произведува „москвич“ Read More »

Колку е „евтин“ рускиот гас?


Главниот аргумент за реакциите по одлуката на Бугарија да купува американски место руски гас е дека тој е многу поскап и тоа ќе го платат граѓаните преку цените,  стои во анализата на бугарски „Дневник“.  -Ако нема „евтин“ руски гас, како што се тврди, ќе следи неизбежното уништување на бугарската економија, иако во неа  само околу …

Колку е „евтин“ рускиот гас? Read More »