Маричиќ: Во октомври ќе се знае кој е за брзо членство во ЕУ


Ќе се интензивира комуникацијата со секој пратеник во наредниот период. Ние очекуваме до септември-октомври јасно да се издвојат двата политички блока, едниот којшто е за членство во ЕУ што побрзо и другиот којшто е против членство во ЕУ и којшто смета дека имаме време за чекање. Чекањето е стратегија што ќе ја испразни нашата земја …

Маричиќ: Во октомври ќе се знае кој е за брзо членство во ЕУ Read More »

Во земјите од Западен Балкан има руско мешање, ЕУ да им помогне, бара Париз


Европската унија треба да им помогне на земјите да се спротивстават на Владимир Путин со испраќање јасна порака за нивните изгледи за приклучување кон ЕУ, изјави француската министерка за Европа, Лорен Бун за „Политико“. ЕУ се подготвува за потенцијален бран на проширување што би можел да донесе дури осум нови членки, вклучително и Украина и шест …

Во земјите од Западен Балкан има руско мешање, ЕУ да им помогне, бара Париз Read More »

Скендер Реџепи формираше „Народно движење“


Пратеникот Скендер Реџепи ја формира партијата „Народно движење“.На основачкото собрание, одржано вчера во Скопје избрани се органи на партијата, а за претседател на „Народното движење“ е избран Скендер Реџепи. – „Движењето на народот“ Добар почеток на политичкото патување, патување кое ќе ни овозможи да ја зачуваме насоката која започна многу порано, но сега со новиот …

Скендер Реџепи формираше „Народно движење“ Read More »

Секоја нова странска инвестиција значи нови вештини на пазарот на трудот


Секоја нова инвестиција за нашата земја значи развој на пазарот на труд и поголем избор на младите специјалисти од различни области за стекнување нови знаења, учење нови технологии, како и обезбедување кариерен раст, истакнува во интервју за МИА Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија, фирма преку која германски БМЗ ќе реализира инвестиција во ТИРЗ …

Секоја нова странска инвестиција значи нови вештини на пазарот на трудот Read More »

Група европратеници против енергетските реформи на ЕУ за поевтинување на струјата


Група членови на Европскиот парламент, предводени од францускиот европратеник Кристоф Грудлер од редовите на центристичкото Демократско движење (МоДем) планираат во вторник да поднесат „формален приговор“ со кој ќе ја оспорат одлуката на ЕП за поддршка на предложените реформи на пазарот на електрична енергија во ЕУ.  Европската комисија во март поднесе предлози за реформа на пазарот …

Група европратеници против енергетските реформи на ЕУ за поевтинување на струјата Read More »

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради состанокот Брдо – Бриони


Во Скопје денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим поради лидерскиот состанок во Процесот Брдо – Бриони, соопшти МВР. -Во текот на овие два дена во официјална посета на Република Северна Македонија ќе бидат поголем број странски делегации и од тие причини сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје ќе се …

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради состанокот Брдо – Бриони Read More »

„Митската авантура” по повод Денови на европското наследство


Во организација на Јуроп хаус Скопје во партнерство со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, денеска во Градскиот парк – Скопје ќе се одржи настан „Митската авантура – скопските шумски суштества и како да ги пронајдеш”, интерактивно гамифицирано социјално искуство наменето за деца и млади. Домаќин на настанот ќе биде м-р …

„Митската авантура” по повод Денови на европското наследство Read More »

Над две илјади луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес во Мароко


Бројот на загинати во земјотресот во Мароко се искачи на 2.012 лица, јави рано утринава мароканската државна телевизија, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи. Бројот на повредени се искачи на 2.059, вклучувајќи 1.404 лица кои се во критична состојба, се додава во соопштението. Билансот се очекува да се зголеми со оглед на …

Над две илјади луѓе загинаа во катастрофалниот земјотрес во Мароко Read More »

Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7.000 контејнери


Од 1 декември 2021 година употребата на пластични кеси за еднократна употреба на пазарот во земјава е забранета, а во маркетите и на пазарите дозволени се само биоразградливи кеси кои се наплаќаат по 15 денари. Согласно Законот за управување со пакување и отпад од пакување, средствата од продажбата на кеси се собираат во посебен фонд …

Од продажбата на пластични кеси собрани речиси два милиони евра, ќе се набават над 7.000 контејнери Read More »

Со црногорскиот пасош во 124 земји без виза, словенечкиот најмоќен од земјите на поранешна Југославија


Патување во странство? Кај некои пасоши тоа не е проблем, кај други е. Едните речиси никогаш не треба да се грижат за влез во странска земја, другите се соочуваат со долго чекање за виза. Зошто е тоа така? За имателите на германски пасоши, на пример, влезот во Камбоџа е прилично лесен. 30-дневна туристичка виза може …

Со црногорскиот пасош во 124 земји без виза, словенечкиот најмоќен од земјите на поранешна Југославија Read More »

Новинар на ФАЦ: Македонските патриоти го слават Денот на независноста во Грција


Нпвинарот на Франкфуртер Алгејмајне Цајтунг“, Мајкл Мартенс, престојува во Македонија за да напише , како што вели самиот, неколку текстови за актуелната состојба во Северна Македонија и за врската меѓу знамињата и корупцијата. Ова се неговите три најсилни впечатоци досега што ги објави на Твитер:  „Скопје е одлично место за посета. Доброто во тоа што …

Новинар на ФАЦ: Македонските патриоти го слават Денот на независноста во Грција Read More »

Владата во боите на македонското знаме по повод Денот на независноста


Вечерва, по повод 32 години независност, зградата на Владата на Република Северна Македонија е обоена во боите на македонското знаме. Под мотото „Гласник на слободата“ денеска со повеќе активности, во организација  на Владата, се одбележа Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември. Граѓаните имаа можност за бесплатна посета на музејски и галериски …

Владата во боите на македонското знаме по повод Денот на независноста Read More »

Германците се уморни од извинување за минатото


  БЕРЛИН – Во германската политика, минатото навистина може да биде минато. Прашајте го  Хуберт Ајвангер, баварскиот политичар во центарот на бурата за вината во германската војна, за  антисемитизмот и за културата на сеќавање во земјата. На 26 август, германскиот „Зидојче цајтунг“ објави експозе на својата насловна страница во која го обвини Ајвангер, лидерот на …

Германците се уморни од извинување за минатото Read More »

Вашиот автомобил сака да знае за вашиот сексуален живот


Производителите на автомобили собираат многу податоци за возачите и патниците – некои дури и ја следат сексуалната активност на возачите – според новиот извештај. Во прегледот на 25 автомобилски марки и 15 автомобилски компании објавени од Mozilla Foundation во средата, истражувачите открија дека јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ може да продава информации за сексуалната активност …

Вашиот автомобил сака да знае за вашиот сексуален живот Read More »

Ковачевски: Измените на Кривичниот законик не значат никаква амнестија, ниту помилување


Измените на Кривичниот законик не значат никаква амнестија, ниту помилување. Не можеме да градиме правосуден систем врз основа на законски одредби од 19 век и од комунистички режим, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.   Тој тврди дека немало „пазар“ околу донесувањето на измените кои, како што нагласи, минале низ јавна парламентарна дискусија која можел да …

Ковачевски: Измените на Кривичниот законик не значат никаква амнестија, ниту помилување Read More »

Формиран Белгиско-македонски бизнис клуб


Поврзувањето на македонските и белгиските компании и јакнењето на бизнис врските меѓу двете земји отсега ќе ги олеснува Белгиско-македонскиот бизнис клуб, кој е во процес на регистрација во државата. Иако штотуку е промовиран, клубот веќе најавува три атрактивни настани во кои ќе бидат вклучени компании од двете држави, но и германски, холандски и од други …

Формиран Белгиско-македонски бизнис клуб Read More »

Морачанин: Гласав против, измените не се во прилог на борбата против криминалот


  Гласав „против“ предложениот Закон за измени и дополнување на Кривичниот законик заради тоа што сметам дека овие измени кои што вчера се усвоија не одат во прилог на ефикасна борба против корупцијата и организираниот криминал, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ. Во изјава за медиуми во рамките на денешниот прием нa претседателот на Собранието, …

Морачанин: Гласав против, измените не се во прилог на борбата против криминалот Read More »

Давидовиќ за измените на кривичниот законик: Има ли подолу од ова?


Aдвокатот Звонко Давидовиќ ги нарече „спас“ за обвинетите функционери штотуку изгласаните измени на Кривичниот законик  бидејќи ако два или повеќе пати се менуваат регулативите за време на судењето, важи одредбата која е поповолна за обвинетиот. Според Давидовиќ, намалувањето на казната за злоупотреба на функцијата во сегашната ситуација е нонсенс, затоа што кога бројот на одреден …

Давидовиќ за измените на кривичниот законик: Има ли подолу од ова? Read More »

Блупринт групата бара од Пендаровски да не ги потпишува изгласаните измени на Кривичниот законик


Блупринт групата за реформи во правосудството бара од претседателот Стево Пендаровски да го го искористи уставното овластување и да не го потпише указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. -Сметаме и убедени сме дека постапката во која беа донесени овие измени и особено нивната содржина во однос на горенаведените кривични …

Блупринт групата бара од Пендаровски да не ги потпишува изгласаните измени на Кривичниот законик Read More »

Кој сѐ стои зад измените на Кривичниот законик?


  Намалувањето на казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување се прават баш сега , во договор со кривично гонети лица од ВМРО-ДПМНЕ за возврат дел од пратениците да гласаат за уставните измени, тврдат за „СДК“ извори од владејачката коалиција. „Сѐ е договорено и затоа молчат дури и меѓународните фактори. Договорот оди …

Кој сѐ стои зад измените на Кривичниот законик? Read More »