Давидовиќ за измените на кривичниот законик: Има ли подолу од ова?

Политичарите само глумат дека се во кавга, ама секогаш се сложни кога станува збор за разнебитување на државата – вели Давидовиќ


Aдвокатот Звонко Давидовиќ ги нарече „спас“ за обвинетите функционери штотуку изгласаните измени на Кривичниот законик  бидејќи ако два или повеќе пати се менуваат регулативите за време на судењето, важи одредбата која е поповолна за обвинетиот. Според Давидовиќ, намалувањето на казната за злоупотреба на функцијата во сегашната ситуација е нонсенс, затоа што кога бројот на одреден вид кривични дела расте, казнената политика треба да се засили зашто тоа влијае да се намалат тие кривични дела.

– Измената е надвор од секоја правна логика. Ова само ни покажува колку политиката и партиите влијаат врз правосудството во Македонија и врз неговата реформа, на која не ни мислат. Со ваков однос на политиката, со вакви упади не може да се очекува дека правосудството ќе заздрави. Каде би можеле да одиме подолу од ова? Не им е првпат да се договорат, а од овие измени ќе имаат корист функционерите и од претходната и од сегашната власт. Тие сега само глумат дека се во кавга, ама секогаш се сложни кога станува збор за разнебитување на државата – вели Давидовиќ за „Слободен печат“.

Тој очекува на оваа тема да реагираат судовите и обвинителствата, затоа што со оваа одредба нивен труд „се фрла во вода“.

– Имаме Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое освен со криумчарење мигранти и со бизнисмени со други не се занимава. Ниту гонат ниту обвиниле некој функционер за организиран криминал или корупција. Зошто не го искажат својот став за

За повеќе од 80 лица обвинети во 14 судски предмети иницирани од времето на СЈО ќе настапи апсолутна застареност за кривичен прогон, проценија од Коалицијата сите за правично судење.Станува збор за предмети во кои се инволвирани поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистерката за култура, Елизабета Канческа – Милеска, градоналачникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски и многу други. Со овие измени  делата за злоупотреба на службената положба застаруваат за 10 години наместо за 40 како досега. Коалицијата сите за правично судење која ги мониторира судењата од инстерес на јавноста пресмета -14 предмети со 80 обвинети застаруваат по законските измени.

Предмети што застаруваат:

ТНТ за уривањето на Космос 

ТАЛИР за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ

 ТАЛИР 2 за белиот дворец на  ВМРО ДПМНЕ

 ТРЕЗОР за набавката на софтвет за опремата за преслушување во УБК

ТАРИФА за набавка на софтверски систем за ЕЛЕМ

ДИЗАЈН за кинеските автобуси

ТОПЛИК за Сончев град

ТИТАНИК за изборните измами

ТЕНДЕРИ за изградбата на Музејот на ВМРО

ТИТАНИК 2 за изброни нерегуларности

ТРАЕКТОРИЈА за кинеските автопати

ШПАНСКИ СКАЛИ

ТАРГЕТ/ТВРДИНА за масовното прислушување

ПРЕДМЕТ ЗА  СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

Ќе застарат и дестиците истраги на СЈО кои се активни во обвинителството. меѓу кои и Феникс за Скопје во кој за злоупотреба на службената положба се осомничени Груевски, Тодоровиќ, Аларова, Канчевска Милевска, Ставревски. 

Овие измени се поволни и за политичарите од актуелната власт кои допрва ќе бидат гонети, но и оние кои се уште немаат правосилни пресуди . За злоупотреби со кои предизвикале значителна штета ќе добиваат казна до максимум  5 години затвор, наспроти 20 колку што беше досега горната граница. Моментално на пат кон Апелација е предметот за екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски, а во Кривчен суд му се суди на неговиот наследник Мухамед Зекири.