Новинар на ФАЦ: Македонските патриоти го слават Денот на независноста во Грција


Нпвинарот на Франкфуртер Алгејмајне Цајтунг“, Мајкл Мартенс, престојува во Македонија за да напише , како што вели самиот, неколку текстови за актуелната состојба во Северна Македонија и за врската меѓу знамињата и корупцијата. Ова се неговите три најсилни впечатоци досега што ги објави на Твитер: 

„Скопје е одлично место за посета. Доброто во тоа што сте во Скопје на денот на македонската независноста на 8 септември е што градот е полупразен, особено ако е понеделник или петок, бидејќи сите вистински македонски патриоти го напуштаат главниот град за да го прослават денот во Грција…“

„ Забележителен е интензитетот со кој овде се отфрлаат Бугарија, па дури и Бугарите. Никогаш не сум почувствувал вакво нешто  повеќе од 20 години. Но, дали е тоа изненадувачки? Бугарската политика реагира на отфрлањето што го заслужува“.

„Ако ВМРО под Груевски го вееше македонското знаме за да ја прикрие корупцијата и заробените институции, актуелната власт го вее европското знаме за да го стори истото“, вели соговорник во Скопје. Како и да е: Среќен ден на независноста! Можеби земјата ќе добие подобри влади во иднина“.