Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК


Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кој завршува денеска. Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА посочи дека конечната бројка би се знаела в понеделник откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласува …

Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК Read More »

Нов непотизам на власта: Сопругата на директорот на „Булмак 2016“ именувана за раководител на Агенцијата за пошти


Најновата епизода од непотистичката сага на ДПМНЕ е назначувањето на Марина Тоневска, сопругата на Тони Тоневски (директорот на рудникот „Булмак 2016“ и кандидат за градоначалник на општина Пробиштип од ДПМНЕ), за раководител на Агенцијата за пошти и ќе го регулира работењето на АД Пошта и други поштенски оператори. Станува збор за истото семејство кое управува …

Нов непотизам на власта: Сопругата на директорот на „Булмак 2016“ именувана за раководител на Агенцијата за пошти Read More »

Ванковска за отсуството на Сиљановска околу Рамковниот договор: Ја бутна главата во песок или во вода?


  Професорката Билјана Ванковска излезе со критика до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, бидејќи не се огласи по повод 24-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. „Да бидеш во Охрид, токму на ‘местото на злосторството’, да си претседателка и да си тераш 12 август со деца , а да го прескокнеш/премолчиш 13-ти, во најмала рака е чудно. Или …

Ванковска за отсуството на Сиљановска околу Рамковниот договор: Ја бутна главата во песок или во вода? Read More »

Лавров на Алјаска во „СССР“ маица


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Анкориџ, Алјаска, каде утре ќе се одржи самитот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. При влегување во хотелот, Лавров кратко разговараше со новинарите, облечен во маица со натпис „СССР“ (соиетскиот акроним за Сојузот на Советските Социјалистички Републики). Тој изјави дека Москва на …

Лавров на Алјаска во „СССР“ маица Read More »

Претепан опозициски пратеник на протестите во Белград


На вчерашниот протест во Белград се случија сериозни инциденти и приведувања на повеќе локации. Меѓу повредените беше и опозицискиот пратеник од Странката на слободата и правдата (ССП), Пеѓа Митровиќ. Од партијата известија дека Митровиќ бил физички нападнат од страна на лица блиски до владејачката Српска напредна партија, притоа му била скршена главата и претрпел повеќе …

Претепан опозициски пратеник на протестите во Белград Read More »

ССНМ бара онлајн малтретирањето на новинарката Мирослава Симоновска да престане


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагира на повторното онлајн малтретирање на новинарката Мирослава Симоновска, проследено со клевети, демнење и лажни обвинувања. Синдикатот бара итно запирање на ваквите напади и расчистување на претходните случаи на следење и неовластено снимање.   ССНМ го осудува повторувачкото онлајн малтретирање од страна на Зоран Божиновски кој, …

ССНМ бара онлајн малтретирањето на новинарката Мирослава Симоновска да престане Read More »

Каја Шукова ветува дека за три месеци ќе го исчисти Скопје


Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Влатко Митовски и кандидатот за општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски, одржаа работен состанок посветен на системските решенија за управување со отпадот во главниот град и општините. Шукова потенцираше дека ситуацијата …

Каја Шукова ветува дека за три месеци ќе го исчисти Скопје Read More »

Путин верува дека САД вложуваат „искрени напори“ за прекин на војната во Украина


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американската Влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина, сугерирајќи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје. На состанокот во Кремљ со највисоките воени и цивилни претставници, Путин најави дека ќе ги информира за фазата во која се преговорите …

Путин верува дека САД вложуваат „искрени напори“ за прекин на војната во Украина Read More »

Дачиќ: Демонстрантите се одговорни за најголемиот број повредени во протестите во Србија


Во немирите што се случија синоќа и во текот на ноќта, повредени се десетици граѓани и полициски службеници, како и седум припадници на специјалната единица на Војската на Србија „Кобри“ задолжена за обезбедување на лица, соопшти министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тој ги обвини демонстрантите дека предизвикале најголем дел од повредите. Повеќе градови во …

Дачиќ: Демонстрантите се одговорни за најголемиот број повредени во протестите во Србија Read More »

Владата на Еди Рама го затвори телевизискиот канал Њуз24


  Околу 230 новинари и вработени во „Фокус медиа груп“ повеќе немаат пристап до своите канцеларии, а нивните плати и исплати на социјално осигурување се одложуваат. Без никаква судска одлука, албанскиот премиер Еди Рама го затвори телевизискиот канал Њуз24. Ова е уште еден напад врз слободата на говорот и удар врз демократијата во земјата, објави …

Владата на Еди Рама го затвори телевизискиот канал Њуз24 Read More »

Иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот дочекана на „нож“ во Бугарија


  Иницијативата на Лилјана Поповска, поранешна пратеничка и лидер на ДОМ, да покрене иницијатива за уставноста на фамозниот Протокол потпишан со Бугарија, наиде на реакции во оваа соседска земја. Во недостиг на други аргументи  за одбивањето на актуелната македонска влада да ги исполни условите на ЕУ за продолжување на преговорите, се пропагира тезата дека Бугарија …

Иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот дочекана на „нож“ во Бугарија Read More »

Литванија ќе обучува 8-годишници да управуваат со дронови поради руската закана


Децата во Литванија ќе учат да градат и управуваат со дронови како дел од напорите на балтичката земја да го зајакне својот капацитет за справување со каква било идна закана од Русија. Владата планира да обучи повеќе од 22.000 луѓе, вклучувајќи деца на возраст од осум години, објавува „Гардијан“. Во заедничка иницијатива помеѓу министерствата за …

Литванија ќе обучува 8-годишници да управуваат со дронови поради руската закана Read More »

Жерновски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ за една година изгубило 130.000 гласови


ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради падот од 130.000 гласа, тврди амбасадорот Андреј Жерновски во пост на социјалните мрежи.     -Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да …

Жерновски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ за една година изгубило 130.000 гласови Read More »

Левица: Николоски заборави на истрагата за ,,Марковски“, ВМРО-ДПМНЕ им дава милионски тендери


Продолжува праксата на делење тендери на компаниите кои ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ги обвинуваше дека се во криминална шема со СДСМ и ДУИ. Таков е случајот и со познатата битолска фирма ,,Марковски”, која само во последните 4 месеци од минатата година, од РЕК Битола добила тендери во вредност од 2,5 милиони евра, тврди Левица преку соопштение …

Левица: Николоски заборави на истрагата за ,,Марковски“, ВМРО-ДПМНЕ им дава милионски тендери Read More »

Ескалира состојбата во Србија, има 70 повредени полицајци, демостранти и граѓани


  „Вистината е само една – некој дошол да нападне простории на Српската напредна партија“. Вака на државната телевизија на Србија (РТС) рече директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ, во врска со насилните протести во Врбас и во Бачка Паланка во кои се повредени 70 лица, од кои 16 полицајци, додека 52 граѓани побарале лекарска помош. Според …

Ескалира состојбата во Србија, има 70 повредени полицајци, демостранти и граѓани Read More »

Димова против препукувањата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Токму јас пријавив злоупотреба!


Повеќе од пет години не сум директорка на оваа несреќна институција и сметам дека е недолично да се кажуваат лаги и полувистини само за да се манипулира јавноста. Од двата партиски штаба гледам дека се прави дефокус. Наместо да се зборува за актуелната в.д. директорка, темата повторно сум јас – Лидија Димова, иако од 2020 …

Димова против препукувањата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ: Токму јас пријавив злоупотреба! Read More »

За Алијансата на Албанците вработувањата во Тетовската болница се измама


Алијансата за Албанмците ја нарече најголемата измама во историјата наводното вработување на над стотина здравствени работници во Тетовската болница „На министерот за здравство Азир Алиу му завршија лагите. Во последно време излегоа на виделина сите негови измами во врска со вработувањето на 155 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово. Иако доби негативен одговор од …

За Алијансата на Албанците вработувањата во Тетовската болница се измама Read More »

Претседател на ДКСК ќе се бира по локалните избори


Откако Државната комисија за спречување на корупција соопшти дека нема надлежност да дава мислење дали е итно или не да се избере нов претседател на ДКСК, по истрагата и оставката на Татјана Димитровска, Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја избра комисијата за селекција на кандидатите за нов претседател на ДКСК, но кажа дека …

Претседател на ДКСК ќе се бира по локалните избори Read More »

Комунална хигиена-Скопје почна со замена на дотраените пластични контејнери


Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со замена на дотраените пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри. На локациите каде што досега се употребуваа стари и дотраени садови, се поставуваат сосема нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Досега се заменети контејнерите на 20 локации во следните скопски општини: Ѓорче …

Комунална хигиена-Скопје почна со замена на дотраените пластични контејнери Read More »

СДСМ за скандалот околу Ерасмус: Ана Михајлов била избрана на функцијата и покрај противењето на Брисел


 Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСM објави нови детали околу именувањето на лице под активна истрага на ОЛАФ за прв човек на Националната агенција која располага со парите од Еразмус +. „Ова е голем пораз и за образовенниот систем затоа што целосно ја урива довербата на младите во институциите. И …

СДСМ за скандалот околу Ерасмус: Ана Михајлов била избрана на функцијата и покрај противењето на Брисел Read More »