Граѓаните ќе купуваат мерачи за парно греење


Предлог -законот за енергетика предвидува нов трошок за домаќинствата кои се приклучени на системот за парно греење, тврди Константин Димитров, еден од креаторите на новиот закон. Според него, граѓаните ќе треба да набават мерачи кои ќе бидат поставени на радијаторите за да  ја мерат потрошувачката на топлинска енергија, за да се формира месечната сметка. Ова …

Граѓаните ќе купуваат мерачи за парно греење Read More »

Улица на црвените фенери во Скопје


Вечерва Скопје наликуваше на Амстердам, а граѓаните имаа можност да видат девојки како нудат сексуални услуги од излози. Станува збор за перформанс против стигматизацијата на сексуалните работнички што се одржа во главниот град кој ќе трае до 22 часот вечерва.

Скопјани протестираа за чист воздух


Организирани преку социјалните мрежи, со заштитни маски и пароли за чист воздух, денеска жителите на Скопје протестираа пред зградата на Владата на РМ. „Јас денеска сум тука за да протестирам за чист воздух. Нема воздух, не можеме да дишеме. Дишам отров, токсини, пластики, хемикалии и сè најлошо што постои, само чист воздух нема“, изјави Ѓила …

Скопјани протестираа за чист воздух Read More »

ВМРО-ДПМНЕ денес на протест пред Шутка


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утринава повторно побара ослободување од притвор на сите обвинети за насилството во собранието на 27 април и најави дека попладне  ќе организира протест пред истражниот затвор во Шуто оризари. „Македонија е единствената земја каде се врши политички прогон на неистомисленици и апсење на пратеници. Власта ги крши основните човекови права и монтира обвиненија …

ВМРО-ДПМНЕ денес на протест пред Шутка Read More »

Грчката црква не нарече Македонија


Грчките владици во соопштението кое се однесува на последните случувања меѓу МПЦ и БПЦ, државата ја нарекоа Македонија. Иако во текстот на соопштението името Македонија е ставено во наводници, тоа е нешто сосема поинаку од досегашната пракса на Грчката православна црква, Македонија да ја ословува како „ФИРОМ“. Инаку ова соопштение беше објавено по состанокот на Светиот …

Грчката црква не нарече Македонија Read More »

Коѕиас сака забрзување на преговорите


Министерот за надворешни работи на Грција  се сретнал со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој се интересирал за преговорите за името со Македонија. Според оценката на Коѕиас, треба да се забрзаат преговорите бидејќи одлуката новата средба да се одржи на крајот на јануари него му изгледа многу далеку.  Околу  евентуална средба Ципрас Заев, Коѕиас за …

Коѕиас сака забрзување на преговорите Read More »

Тукушто воведена се изигрува регулативата за минимална плата


Три месеци откако законски е регулирано исплаќањето на минимална плата во износ од 12.000 денари, се појавија и првите информации дека се прават злоупотреби. Дел од работниците се принудени на газдите да им вратат на рака дел од парите, и најчесто не се охрабруваат да говорат за тоа и да ги пријават злоупотребите. Ова посебно …

Тукушто воведена се изигрува регулативата за минимална плата Read More »

Денес хуманитарна акција „Дарувај од срце“


Форумот на жени на СДСМ во соработка со Црвен Крст на Македонија денеска ќе ја спроведе традиционалната хуманитарна акција „Дарувај од срце“. Целта на акцијата е да се обезбеди топла облека, обувки, покривки… на социјално загрозените семејства и наши сограѓани на кои им е тоа најпотребно во овие зимски денови.Акцијата истовремено ќе се одвива во …

Денес хуманитарна акција „Дарувај од срце“ Read More »

Убиен уште еден Албанец од Македонија во Сирија


Во Сирија е убиен уште еден Албанец од Македонија, објавија медиуми на албански јазик во Македонија. Според информациите, станува збор за скопјанецот со презиме Адеми, познат член на боксерскиот клуб ,,Шкупи“. Весникот ,,Бота сот“ во денешното издание наведува дека до сега во Сирија и Ирак се убиени 40 Албанци од Косово, Албанија и Македонија. Истиот извор  …

Убиен уште еден Албанец од Македонија во Сирија Read More »

Заев за Нова Година во Солун


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, запрашан дали го дели оптимизмот во однос на решавањето на прашањето за спорот за името меѓу властите во Атина и Скопје одговори дека по неговата последна посета на Скопје и разговорите што ги имал со претставниците на власта “смета дека  противречностоте  од минатите години се минато “. ” Работите се …

Заев за Нова Година во Солун Read More »

Можен предвремен зимски распуст поради загадувањето


Гоемото загадување може да предизвика предвремен зимски распуст, навестуваат од  Министерството за образование и наука. Факултети. – Ако се утврди потреба, ќе размислиме за предвремено почнување на зимскиот распуст. Сепак, секој прекин на наставата мора да биде надоместен. Така, доколку зимскиот распуст почне порано, неработните денови би морале да се одработат и учебната година би завршила подоцна …

Можен предвремен зимски распуст поради загадувањето Read More »

Димитров го информира ВМРО-ДПМНЕ за преговорите за името


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров,  во интервју за „36о степени“ откри  дека пред средбата на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите, тој се сретнал со претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да го информира со какви позиции ќе настапи Македонија на состанокот. Димитров не сакаше да открие повеќе детали за средбата која била во функција на …

Димитров го информира ВМРО-ДПМНЕ за преговорите за името Read More »

Амбасадата на САД: Има ли идеи за намалување на загадувањето?


Амбасадата на САД во Македонија денеска изрази загриженост поради големата загаденост на воздухот во Скопје и во земјава.Во својата објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ од aмбасадата прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“. „Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои …

Амбасадата на САД: Има ли идеи за намалување на загадувањето? Read More »

Активистите за права на животните го тужат Љупчо Златев


Асоцијацијата на активистите за права на животните поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Љупчо Златев. „Новинарот во два наврати (на Фејсбук и на емисијата на ТВ Нова) поттикнуваше труење со животни, давајќи директни насоки со кој отров луѓето треба да ги трујат уличните кучиња. ААПЖ бара да се покрене кривична постапка против пријавениот …

Активистите за права на животните го тужат Љупчо Златев Read More »

За кабинетот на Иванов аболицијата е шпекулација


Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов не сакаат да ги коментираат информациите  што кружат во јавноста дека првиот човек на државата се подготвува да ги аболира притворените пратеници на ВМРО- ДПМНЕ. „Ни досега ни сега нема да коментираме шпекулации“, порачаа кратко од оваа институција. Околу евентуалната аболиција или амнестија на одговорните за настаните на 27 …

За кабинетот на Иванов аболицијата е шпекулација Read More »

Грчки фестивал на виното во Скопје


Канцеларијата за економски и трговски прашања на Грција во Скопје  организираше „Фестивал на виното“ во хотелот Парк, на кој беа поканети дипломати, новинари , бизнисмени и други преставници од јавниот живот. Притоа се дегустираа вина од различните региони на Грција, при што беа преставени некои од најпознатите винарии во земјата. Фото: Б.Грданоски

Извршителите реагираат: Се води хајка против нашата професија


Комората на извршители на Македонија (КИРМ) реагира на начинот на кој се води иницијативата за собирање потписи „Стоп извршители“. Според нив, ова е непримерна хајка против нивната професија. Воедно,сметаме дека јавноста има  право да биде  правилно информирана за сите прашања поврзани со начинот на функционирање на извршителите, кои постојат веќе 12 години. Цениме дека со …

Извршителите реагираат: Се води хајка против нашата професија Read More »

Евтина струја ќе купуваме како пакети за мобилни


Евтината струја што беше воведена од октомври годинава ќе важи до крајот на следната година. Тогаш се очекува целосна либерализација на пазарот на струјa, што значи дека секое домаќинство ќе може само да избира од која компанија ќе се снабдува со струја. Новите снабдувачи нема да бидат обврзани да испорачуваат струја по евтина тарифа од …

Евтина струја ќе купуваме како пакети за мобилни Read More »

Фрлањето отрови не престанува, убиени над 27 животни


Труењето на животните зема замав не само во Скопје туку и во Македонија, и покрај апелите и предупредувањата од градоначалниците дека е кривично дело и дека проблемот системски ќе се решава. Според организациите за заштита на правата на животните досега се пријавени 27 отруени животни, сите миленици на околните жители  со имиња. Исто така веќе …

Фрлањето отрови не престанува, убиени над 27 животни Read More »

(ВИДЕО)Харадинај и Заев разговарале за „Дива Населба“


Македонија и Косово развиваат добра соработка и ги продлабочуваат односите. Случајот „Дива населба“ е чувствително прашање што не треба да предизвика проблеми во билатералните релации, оценија премиерите на Македонија и на Косово Зоран Заев и Рамуш Харадинај на заедничката прес-конференција по денешната средба во Приштина. Заев и Харадинај истакнаа дека разговарале за заеднички проекти како …

(ВИДЕО)Харадинај и Заев разговарале за „Дива Населба“ Read More »