Амбасадата на САД: Има ли идеи за намалување на загадувањето?


Амбасадата на САД во Македонија денеска изрази загриженост поради големата загаденост на воздухот во Скопје и во земјава.Во својата објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ од aмбасадата прашаа „кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Загриженост за енормната загаденост на воздухот, според МЕТА, изрази и амбасадорот на Холандија во земјава, Ваутер Пломп.

„Постои дилема: дали да се користи автомобил и да се придонесе на загадувањето или да се земе велосипед и тоа да се вдишува. Денеска за прв пат се обидов со маска“, напиша Пломп на „Твитер“.