Извршителите реагираат: Се води хајка против нашата професија


Комората на извршители на Македонија (КИРМ) реагира на начинот на кој се води иницијативата за собирање потписи „Стоп извршители“. Според нив, ова е непримерна хајка против нивната професија.

Воедно,сметаме дека јавноста има  право да биде  правилно информирана за сите прашања поврзани со начинот на функционирање на извршителите, кои постојат веќе 12 години.

Цениме дека со Граѓанската иницијатива „Стоп извршители“ зад која застанаа: Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Здружението „Но пасеран“ и „Гласен текстилец“-

„Се нарушува честа и угледот не само на извршителите и на Комората, туку и се поттикнува граѓанска непослушност и непочитување на постоечкиот правен систем во Република Македонија. Ваква иницијатива може да доведе само до негативни последици за сите граѓани, доверители, како и до дисбаланс на општествено-економскиот систем во Република Македонија. Иницијативата, претставува навреда и неправда за сите оние граѓани, кои уредно и навремено ги плаќаат долговите, а посебно за граѓаните од ранливите категории, кои ги почитуваат законите. Не треба да се заборави дека ниту извршителите, ниту граѓаните можат да бидат над законот. Извршителите не влијаат на општествено-економската ситуација во земјата. Извршителите не носат извршни исправи, туку само ги спроведуваат и реализираат.

Јавноста треба да биде запозната дека тарифата на извршителите, споредена со тарифите на судовите, нотарите, адвокатите, проценителите е најниска не само во Република Македонија, туку и во регионот“, се вели во нивната реакција.

Иницијатори на „Стоп извршители“ се Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Здружението „Но пасеран“ и „Гласен текстилец“.

Од КИРМ велат дека ќе останат отворени за разговор и дискусија, по било кое прашања во врска со извршувањето и извршителите.

„Претставници на нашата Комора и досега остварија голем број средби со заинтересирани странки и организации,а тоа ќе го прават и во иднина.

На крајот, сакаме да потенцираме дека Република Македонија е правна држава во која владеат правото и законите“, се вели во нивната реакција.