Димитров го информира ВМРО-ДПМНЕ за преговорите за името


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров,  во интервју за „36о степени“ откри  дека пред средбата на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите, тој се сретнал со претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да го информира со какви позиции ќе настапи Македонија на состанокот. Димитров не сакаше да открие повеќе детали за средбата која била во функција на градење домашен консензус за прашањето за името.

Запрашан дали новата влада има доверба во преговарачот Васко Наумовски, кој беше вицепремиер во една од владите на Никола Груевски, Димитров рече:

„Претходно имам лично преговарачко искуство, исто така во услови на кохабитација. Тоа не е едноставна позиција, особено кога има односи на искричења, така што таа улога во вакви услови бара доблест, чувство за државата, интегритет. Од она што досега го имам видено во Вашингтон, во контактите, на неодамншените брифинзи, имам позитивно искуство и мислам дека се наоѓаме на интересите на државата. Преговарачот е резултат на предлог на влада и именување од страна на претседателот на државата.“