Фрлањето отрови не престанува, убиени над 27 животни


Труењето на животните зема замав не само во Скопје туку и во Македонија, и покрај апелите и предупредувањата од градоначалниците дека е кривично дело и дека проблемот системски ќе се решава.

Според организациите за заштита на правата на животните досега се пријавени 27 отруени животни, сите миленици на околните жители  со имиња. Исто така веќе има над 50 пријави за пронајден отров  и фрлањето се уште продолжува , пред се во скопските населби од Аеродром преку Центар до Карпош.