ВМРО-ДПМНЕ денес на протест пред Шутка


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утринава повторно побара ослободување од притвор на сите обвинети за насилството во собранието на 27 април и најави дека попладне  ќе организира протест пред истражниот затвор во Шуто оризари.

„Македонија е единствената земја каде се врши политички прогон на неистомисленици и апсење на пратеници. Власта ги крши основните човекови права и монтира обвиненија за тероризам против 36 македонски патриоти само затоа што си ја сакаат државата“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Судовите и државните институции се целосно заробени и наместо по закон дејствуваат единствено по налог на Зоран Заев – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.