Грчката црква не нарече Македонија


Грчките владици во соопштението кое се однесува на последните случувања меѓу МПЦ и БПЦ, државата ја нарекоа Македонија.

Иако во текстот на соопштението името Македонија е ставено во наводници, тоа е нешто сосема поинаку од досегашната пракса на Грчката православна црква, Македонија да ја ословува како „ФИРОМ“.

Инаку ова соопштение беше објавено по состанокот на Светиот синод на Грчката православна црква одржан во четвртокот, на кој била разгледувана одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ) да преземе улога на мајка црква на „расколничката црква на Македонија“,пишува во соопштението.

Светиот синод на ГПЦ, како што стои, навел дека „одлуката на црквата на Бугарија претставува мешање во надлежностите на друга црква, што е спротивно на светите правила и канонското право и игнорирање на улогата на Вселенската патријаршија“.

“Светиот Синод е загрижен за фактот што БПЦ со нејзините активности се меша во надлежностите на друга правослвна црква, односно во Црквата на Србија, постапка која е спротивна на светите правила и традицијата на црквата. Светиот Синод посакува да преовлада претпазливост и одлуката на бугарската сестринска црква да не биде конечно спроведена“, соопштуваат од Светиот синод на ГПЦ.