Нападната воена парада во Иран, 8 загинати


Најмалку 8 војници загинаа, а дваесетина се повредени во напад на неидентификувани напаѓачи за време на воената парада во градот Ахваз во југозападниот дел на Иран, објави државната телевизија. Државната телевизија објави дека е нападната трибината со официјални лица кои се собрале за да ја следат редовната годишна воена парада со која се одбележува почетокот …

Нападната воена парада во Иран, 8 загинати Read More »

Прва официјална Средба на жени – министерки за надворешни работи


Од вкупно околу 30 жени – шефици на дипломатии во светот, речиси 20 од нив учествуваат на првата официјална Средба на жени – министерки за надворешни работи, која вчера и денеска се одржува во канадскиот град Монтреал. -Жените имаат водечка улога при „изнаоѓање решенија за политичките, економските и социјалните предизвици со кои нашите општества се …

Прва официјална Средба на жени – министерки за надворешни работи Read More »

Од септември пет отсто повисоки плати во образованието, здравството и градинките


Вработените во градинките, училиштата и болниците ќе имаат зголемување на платите за пет отсто. Покачувањето почнува од септемвриската плата што ќе се исплати во октомври. Ова на денешната заедничка прес-конференција во Владата го соопштија министрите за финансии, за здравство, за образование и наука и за труд и социјална политика Драган Тевдовски, Венко Филипче, Арбер Адеми …

Од септември пет отсто повисоки плати во образованието, здравството и градинките Read More »

Апелот на Заев до бизнисмените неприфатлив за МОСТ


Според извешттајот на МОСТ за периодот 3-16 септември, единствениот субјект кој има интензивни активности на терен е коалицијата „Заедно за европска Македонија“. Забележани се главно директни средби со граѓаните и повисок интензитет на т.н. кампања врата до врата. Забележан е и значително помал процент на активности на субјекти кои пропагираат граѓаните да не гласаат на …

Апелот на Заев до бизнисмените неприфатлив за МОСТ Read More »

Девет деца загинаа во експлозија на бомба во северен Авганистан


Девет деца загинаа синоќа во експлозија на експлозивна направа во провинцијата Фарјаб во северен Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на властите. Во експлозијата во округот Шерин Тагаб повредени се и четири лица, изјави член на регионалниот совет. Друг претставник на советот изјави дека мртвите биле осум, а повредените петмина. Бомбата била поставена во близина на …

Девет деца загинаа во експлозија на бомба во северен Авганистан Read More »

Според „Екатимерини“ МИА сменила изјава на Заев по барање на Атина


Грчкиот весник „Екатимерини” открива дека по интервенција од Атина македонската државната новинска информативна агенција ја сменила изјавата на премиерот Зоран Заев дадена за Македонската телевизија во Вашингтон. На интернет страницата на МРТ стои непроменетата изјава на македонскиот премиер. Во изјавата за МРТ, по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс во Вашингтон, Заев вели дека …

Според „Екатимерини“ МИА сменила изјава на Заев по барање на Атина Read More »

Солана: Преспанскиот договор – надеж за другите конфликти во регионот


Во колумна објавена на „Проџект Синдикејт“, поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика, Хавиер Солана, се осврнува на претстојниот референдум за договорот за името и значењето на оваа спогодба за решавањето на други билатерални спорови. Преспанскиот договор, пишува Солана, „нуди одржлив модел за решавање на споровите на други места, бидејќи тој отелотворува сеопфатен пристап …

Солана: Преспанскиот договор – надеж за другите конфликти во регионот Read More »

Европарламентарци на „точак” во Берово


Берово отсекогаш бил град во кој турзимот е гранка на која секогаш се посветувало огромно внимание, било да се работи за планински, угостителски, рекреативен или бил каков друг вид на туризам кој и носи бенефит на општината. Од таа причина Берово секогаш е атракција за домашните туристи најчесто од главниот град, но во последните една до …

Европарламентарци на „точак” во Берово Read More »

Видео порака од претседателот Емануел Макрон


Претседателот на Франција, Емануел Макрон, утрово испрати видео порака со која им се обрати на граѓаните во Македонија околу референдумот. Пораката беше објавена на сајтот на француската амбасада во Скопје, додека Ален Ле Роа, преставник на француското МНР, престојува во земјата. Во пораката тој го поддржа Преспанскиот договор оценувајки го како „срцето“ на нашата иднина, …

Видео порака од претседателот Емануел Макрон Read More »

Ален Ле Роа утре доаѓа во Македонија


Од утре до 22 септември во Македонија ќе престојува Ален Ле Роа, амбасадор на Франција, пријател на Македонија и специјален претставник на Европската Унија за Македонија во 2001 и 2002 година. Во рамките на својата тогашна мисија, тој ѝ помогна на земјата повторно да ја воспостави меѓуетничката доверба и да го врати својот углед во …

Ален Ле Роа утре доаѓа во Македонија Read More »

Хан: На 30 септември ја определувате својата иднина (ВИДЕО)


„На 30 септември имате единствена можност да ја определите својата иднина. Тоа е можност што се нуди еднаш во животот. Одлуката ќе има влијание врз граѓаните, нивните деца и на идните генерации кои се уште не се ни родени. Референдумот е уникатна можност да се донесе важна одлука со далекусежни последици“, порача еврокомесарот Јоханес Хан …

Хан: На 30 септември ја определувате својата иднина (ВИДЕО) Read More »

Хајко Мас: Не можам да си замислам подобар момент за посета


Претстојниот референдум претставува одлучувачки патоказ за натамошниот пат на земјата кон ЕУ, но сепак Македонците се тие кои треба сами да одлучат во која насока ќе се движат, вели шефот на германската дипломатија Хајко Мас во интервју за МИА непосредно пред неговата денешна посета на Македонија. – Не можам да си замислам подобар момент за …

Хајко Мас: Не можам да си замислам подобар момент за посета Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и подготвува национална катастрофа на Македонија


Зоран Заев и приредува национална катастрофа на Македонија. Капитулантскиот договор го менува името, институционалниот идентитет, културата, историјата и Уставот на Република Македонија, тврди во соопштение опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. -Заев прифатил со капитулантскиот договор промена на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, чл.3 и чл.49 од истиот.Што според договорот кој го потпиша владата на СДСМ треба …

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и подготвува национална катастрофа на Македонија Read More »

Марш за европска Македонија и голем граѓански собир


Денеска коалицијата Заедно за европска Македонија, заедно со граѓаните организира Марш за европска Македонија кој ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.Маршот тргнува пред зградата на Црвениот крст со почеток во 13.30 часот, а завршува пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот. Во 14.00 часот започнува официјалната програма на големиот …

Марш за европска Македонија и голем граѓански собир Read More »

Побрза постапка за надомест на штета за сообраќајка во Германија


Македонските возачи во Германија во случај на сообраќајна несреќа ќе можат да направат побрз и поефикасен надомест на штета, со Спогодбата за заштита на посетители потпишана од помеѓу националното биро за осигурување на Република Македонија и Германското биро за зелена карта. Спогодбата, која важи и за германските возачи при евентуална несреќа во Македонија, стапи на …

Побрза постапка за надомест на штета за сообраќајка во Германија Read More »

Членството во ЕУ и НАТО отвора перспектива за македонската економија


Бизнис заедницата е едногласна во ставот дека на македонската економија и е неопходен успешен референдум и заокружување на процесите околу членството во ЕУ и НАТО. Стабилноста од секој аспект – политички, економски, социјален и еколошки, е придобивка што по дефиниција е значајна за македонските фирми да се профилираат како доверливи партнери за соработка на кое …

Членството во ЕУ и НАТО отвора перспектива за македонската економија Read More »

Kопа: Договорот од Преспа е праведен


Позитивно, како за двете земји така и за регионот, го коментира Договорот од Преспа, Марилена Копа, професорка по меѓународни, европски и регионални студии на атинскиот Универзитет Пандио и вели дека станува збор за праведен и правилен договор без поразени и победници.Професорката која важи за добар познавач на Балканот, но и на македонско – грчките односи, …

Kопа: Договорот од Преспа е праведен Read More »

Џејмс Апатураи: НАТО е ултимативна полиса за осигурување


Џејмс Апатураи, заменик помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања, смета дека членството во НАТО е „ултимативна полиса за осигурување “ за Македонија и дека ако земјата влезе во алијансата ќе седи „на најглавната и најголемата маса“ . На оние што се уште не веруваат дека, ако се исполни договорот со Грција, Македонија сигурно …

Џејмс Апатураи: НАТО е ултимативна полиса за осигурување Read More »

Заев од Ресен: Референдумот не е борба за власт туку за севкупен раст


Претседателот на Владата, Зоран Заев вечерва на трибината во Ресен повторно ја повика опозициската ВМРО – ДПМНЕ како и оние што сеуште не одлучиле да излезат на 30 септември да го поддржат референдумот за влез на Македонија во Европската унија и НАТО. – Ако сте за ЕУ и НАТО излезете на референдумот, придружете се. Ние …

Заев од Ресен: Референдумот не е борба за власт туку за севкупен раст Read More »

Јанушев во Берово: Со договорот со Грција ги губиме јазикот и идентитетот


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вечерва беше во Берово каде имаше средба со граѓани со кои разговараше за договорот со Грција.Пред жителите на Берово, Јанушев рече дека договорот со Грција е капитулантски и оти не треба да се поддржи. – Гледаме дека преку кампањата која е спонзорирана со државни пари од државниот врв сакаат …

Јанушев во Берово: Со договорот со Грција ги губиме јазикот и идентитетот Read More »