Марш за европска Македонија и голем граѓански собир


Денеска коалицијата Заедно за европска Македонија, заедно со граѓаните организира Марш за европска Македонија кој ќе заврши со голем граѓански собир во центарот на Скопје.Маршот тргнува пред зградата на Црвениот крст со почеток во 13.30 часот, а завршува пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во 14.00 часот.

Во 14.00 часот започнува официјалната програма на големиот граѓански собир на којшто ќе се обратат:Зоран Заев, претседател на Владата, Талат Џафери, претседател на Собранието,Сања Арсовска, актерка и синдикален претставник и Томислав Кежаровски, новинар,соопштуваат од коалицијата Заедно за европска Македонија.