ВМРО-ДПМНЕ: Заев и подготвува национална катастрофа на Македонија


Зоран Заев и приредува национална катастрофа на Македонија. Капитулантскиот договор го менува името, институционалниот идентитет, културата, историјата и Уставот на Република Македонија, тврди во соопштение опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев прифатил со капитулантскиот договор промена на Преамбулата на Уставот на Република Македонија, чл.3 и чл.49 од истиот.Што според договорот кој го потпиша владата на СДСМ треба да се смени во чл.3 кој ја гарантира неотуѓивоста и неделивоста на територијата на Република Македонија?

Заев е човек кој треба час поскоро да си замине од политиката. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите истомисленици, кои се против капитулантскиот политики на Заев и СДСМ да дојдат на протестниот марш денес во Штип, се вели меѓу другото во соопштението на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.