Ален Ле Роа утре доаѓа во Македонија


Од утре до 22 септември во Македонија ќе престојува Ален Ле Роа, амбасадор на Франција, пријател на Македонија и специјален претставник на Европската Унија за Македонија во 2001 и 2002 година. Во рамките на својата тогашна мисија, тој ѝ помогна на земјата повторно да ја воспостави меѓуетничката доверба и да го врати својот углед во Европа. Ле Роа беше исто така генерален секретар на Обединетите нации задолжен за мировни операции, како и генерален секретар на Европската служба за надворешни работи за периодот од јануари 2015 до август 2016 година.

Во неговата агенда се вклучени серија средби со политички претставници, од мнозинството и од опозицијата, при што амбасадорот ќе има можност да разговара во Скопје и во Тетово за перспективите на земјата при успешен референдум, што е услов за Македонија да направи решавачки чекор на својот европски пат.

Франција, стои во известувањето од француската амбасада во Скопје, внимателно ги следи случувањата во Македонија и останува посветена заедно со земјата, во 2018 година, како што беше и во 2001, за да ја придружува на патот на нејзината европска интеграција.