Македонија побара екстрадиција за скандалозниот екс амбасадор Перо Стојановски


Министерството за правда деновиве ги испратило документите за екстрадиција на Перо Стојановски, поранешниот македонски амбасадор во Австралија и министер за образование, до австралиските власти.Амбасадорувањето на Перо Стојановски се смета за едно од најскандалозните, бидејќи неговата работа ја следеа љубовни скандали, насилни влегувања во куќи, неплатени долгови низ Австралија и лажирање на тешка болест, пишува МКД.МК. …

Македонија побара екстрадиција за скандалозниот екс амбасадор Перо Стојановски Read More »

Каменос: Ципрас го знае алтернативниот предлог за Договорот од Преспа


Како коалициски партнер во владата имав обврска да презентирам алтернативен предлог, кој премиерот Алксис Ципрас го знае, но не го одобрува како национална политика, вели грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, во однос на неговиот план Б за меѓудржавни договори како алтернатива на Договорот од Преспа, претставен на …

Каменос: Ципрас го знае алтернативниот предлог за Договорот од Преспа Read More »

Производството на мед намалено за 80 отсто


По деветти пат во Прилеп започна манифестацијата „Денови на медот“, која има за цел да ја нагласи употребата на медот како здрава храна. Своите пчелни производи пред прилепчани ги изложуваат 20-ина медари од Прилеп и од повеќе градови во земјава. Според Дејан Бошкоски, претседател на прилепското пчеларско здружение „Братство“ годинава е неповолна за производството на …

Производството на мед намалено за 80 отсто Read More »

Почина „херојот на Егејот“ кој спаси 5.000 мигранти


Капетанот на грчката крајбрежна стража, Киријакос Пападопулос, кој стана познат по пожртвуваноста во спасување животи на илјадници мигранти за време на бегалската криза 2015-16 година, денеска почина од срцев удар. Грчкиот портал „Грик репортер“, во написот под наслов „Почина херојот на Егејот, кој спаси илјадници луѓе, пишува дека 44-годишниот Пападопулос се придружил на грчката крајбрежна …

Почина „херојот на Егејот“ кој спаси 5.000 мигранти Read More »

Новинарските организации усогласија критериуми за онлајн медиумите


Здружението на новинари на Македонија, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Советот за етика на медиумите во Македонија, усогласија минимум критериуми што ќе помогнат во заштита и промоција на професионалното новинарство во онлајн медиумите.ЗНМ, ССНМ и СЕММ сметаат дека онлајн медиумите треба да ги почитуваат начелата и принципите на новинарската професија, како што …

Новинарските организации усогласија критериуми за онлајн медиумите Read More »

Запрена изградбата на зградата кај „Мајчин Дом“


Стопирана е изградбата на зградата кај Мајчин дом. Како што информираше денеска градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, градежен инспектор издал решение за стопирање на градбата на зградата поради неправилности на градилиштето. Тој денеска го промени ставот, откако вчера информираше дека не постојат законски начини да се зачува зеленилото, освен општината да плати обесштетување во …

Запрена изградбата на зградата кај „Мајчин Дом“ Read More »

Фотовест: Вардариште како Аушвиц


Иако Градот секоја година одвојува пари за Вардариште, според снимката направена во стационарот за кучиња неделава животните таму буквално гладуваат, покрај другиот ужас што им се случува. Подолу е фотографијата од малите кученца што беа заразени во Вардариште и кои утрово, и покрај напорите на активисти да ги спасат, умреа.

Фотовест: Аеродром 2013 и 2018 од снимките на Гугл


Каков замав зеде градежната мафија во Аеродром, најдобро може да се види од мапите на Гугл некогаш и денес. Населбата замислена за живеење со паркови за деца и рекреативни зони се претвори во бетонска џунгла со најзагаден воздух во Скопје. Погледнете и сами.

ИД планирала дестабилизација на Косово


Група од шест Косовци поврзана со џихадиситчката група Исламска држава (ИД) планирала террористички напади во Косово, Франција и Белгија, соопшти косовското Специјално обвинителство по шестмесечна истрага. Според обвинението, поднесено минатата недела, групата планирала да го дестабилизира Косово со терористички напади врз косовските Срби, а за таа цел биле одбрани дискотека во Грачаница и православни цркви …

ИД планирала дестабилизација на Косово Read More »

Трамп бара замена за амбасадорката Ники Хејли


Доналд Трамп тврди дека неговата ќерка Иванка би била идеална замена за Ники Хејли на местото амбасадор на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации. Оваа изјава на американскиот претседател пристигнала само неколку часа, откако, на големо изненадување на целата политичка елита во Вашингтон, Ники Хејли одлучи да се повлече од местото амбасадор на САД во …

Трамп бара замена за амбасадорката Ники Хејли Read More »

И денес протест против изградбата на зграда пред „Мајчин дом“


Жителите на Аеродром и за денеска најавија протест против изградбата на висококатница пред „Мајчин дом“. Протестот е најавен за во 17 часот. „Овие настани претставуваат спонтани граѓански собири, испровоцирани од поставувањето на градежната механизација и претварањето на тревникот во градилиште. Собирот е чист граѓански активизам, надпартиски, нема водач, нема единствен организатор – туку е поддржан …

И денес протест против изградбата на зграда пред „Мајчин дом“ Read More »

Уапсен втор осомничен за убиството на Маринова


Уште еден осомничен поврзан со убиството на бугарската истражувачка новинарка Викторија Маринова е уапсен во Германија.Првиот осомничен поврзан со убиството беше ослободен без обвинение веќе вчера. Вториот осомничен, човек на рани 20-ти години, беше уапсен откако ДНК-тестовите и другите докази покажаа дека бил вмешан во силувањето и убиството на Маринова во севернобугарскиот град Русе, според …

Уапсен втор осомничен за убиството на Маринова Read More »

(ВИДЕО) Светските лидери му се смееја на Трамп


Претседателот на САД, Доналд Трамп, доби неочекувани реакции од светските лидери додека говореше во Обединетите нации. Трамп се фалеше за неговите политики, лидерите се смееја. Тој кратко прокоментира: Не очекував ваква реакција, но во ред е.

Катица Јанева: Четворица судии имаат нарушен кредибилитет


Специјалната обвинителка Катица Јанева во интервју за Алсат одговара на дилемите, дали некој од судиите посочени во нивниот посебен извештај треба да биде разрешен. Според неа, четворицата кои Специјалното обвинителство ги наведе имале нарушен морален кредибилитет. Таа очекува Апелацискиот суд да ја потврди првостепената пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски од две години затвор.

Ахмети: Да излеземе и да гласаме „за“ европска Македонија


На 30 септември се гласа за големи прашања. Овој договор не е толку вообичаен, туку е материја што произведува стабилност, безбедност, добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, економски развој, квалитетно образование и здравство, но и квалитет во насока на државното управување. Ќе се зајакне владеењето на правото и правната држава. Ова од општина Липково го соопшти претседателот на …

Ахмети: Да излеземе и да гласаме „за“ европска Македонија Read More »

Заев со „Форвилер“ на Беласица


Премиерот Зоран Заев повторно ја покажа својата страст кон моторите. Овојпат Заев на Фејсбук објави фотографии на кои заедно со син му Душко возат „Форвилер“, на падините на Беласица.

Видео порака од Колинда Грабар-Китаровиќ


Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство. https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/313433289209825/ Ова во видео порака до македонските граѓани во пресрет на референдумот го порача хрватската …

Видео порака од Колинда Грабар-Китаровиќ Read More »

Заев од Гевгелија: Сите ќе се радуваме на историската одлука


Сите ќе се радуваме на историската одлука која доаѓа пред нас, на 30 септември. Сите сме свесни пред колку исправна одлука сме соочени и дека оваа чест е токму на нашата генерација. Убеден сум во нашиот народ, дека имаме горд, одговорен народ и дека ќе води грижа и за својата Македонија, но и за своите …

Заев од Гевгелија: Сите ќе се радуваме на историската одлука Read More »

Марадона му упати смртни закани на судијата


Легендарниот аргентински фудбалер кој сега работи како тренер во втора лига во Мексико, Диего Марадона му се закануваше со смрт на судијата по првиот пораз на Дорадос. Тимот на Марадона го претрпе првиот пораз по неговото доаѓање и тоа не можеше да го поднесе контроверзниот Аргентинец. Марадона смета дека судијата е главен виновник за загубениот …

Марадона му упати смртни закани на судијата Read More »

Горан Рафајловски: Не верувам во германски камшикари


Како од развојна станавме депресивна економија, објаснува Горан Рафајловски, стопанственик и повеќе години на раководни коморски функции. Тој вели дека на Македонија ѝ се неопходни план за економски развој, реформа во образованието, неколку милијарди евра странски кредити и придвижување на градежништвото, кое никогаш веќе не смее да запре. Што покажува пресекот на македонската економија во …

Горан Рафајловски: Не верувам во германски камшикари Read More »