Трамп очекува само 4.000 американски војници да останат во Авганистан


САД ќе го намалат своето воено присуство во Авганистан на околу 4.000 војници „многу брзо“, рече американскиот претседател Доналд Трамп. „До голем степен сме надвор од Авганистан“, рече Трамп во интервју за американскиот веб-сајт „Аксиос“. „Ние ќе го намалиме на 8.000 за многу краток временски период, потоа ќе бидеме до 4.000, сега преговараме“, рече тој, …

Трамп очекува само 4.000 американски војници да останат во Авганистан Read More »

Поранешни вработени во СЈО навредени од Пендаровски


Поранешни вработени на СЈО бараат извинување од претседателот Стево Пендаровски за неговата изјава во која вели дека „обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал…“. Во ваквата изјава претседателот ги поистоветува сите вработени без исклучок, како …

Поранешни вработени во СЈО навредени од Пендаровски Read More »

Момчето што изчезна во Преспанското езеро не знаело да плива


Повеќе од 20 часа трае потрагата по 16-годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро. Момчето заедно со двајца другари се возеле со педалинка, по што му се изгубила трагата. Нуркачите изјавиле дека трите момчиња биле непливачи, но никој од нив не носел елек за спасување. Засега е неизвесно дали 16 годишникот скокнал или …

Момчето што изчезна во Преспанското езеро не знаело да плива Read More »

Кривични пријави за журките во Охрид


Против неколку сопственици на угостителски објекти на плажите во Градиште ќе бидат поднесени кривични пријави поради воочени неправилности и непочитување на здравтевните протоколи, најави Пазарниот инспекторат. За време на контролите извршени викендот, инспекторите затекнале преголем број луѓе на мал простор кои не држеле дистанца помеѓу себе.  И на социјалните мрежи викендов се споделуваа фотографии од …

Кривични пријави за журките во Охрид Read More »

Полска го казни Гаспром 57 милиони американски долари за Северен тек 2


Полскиот антимонополски регулатор „УОКиК“ денеска соопшти дека го казнил Гаспром 213 милиони злоти (57 милиони американски долари) за наводна несоработка на компанијата во врска со реализацијата на нејзиниот проект за гасоводот Северен тек 2. Полска гледа на Северен тек 2, кој ќе го удвои капацитетот на извозот на руски гас во Европа преку Балтичкото Море, како закана …

Полска го казни Гаспром 57 милиони американски долари за Северен тек 2 Read More »

(ВИДЕО) Охрид ќе стане „македонски Вухан“


Видео кое е објавено на социјалните мрежи со коментар Охрид „македонски Вухан“ покажува дека на плажа во главниот туристички центар во Македонија, луѓето се забавуваат, но дистанца не се одржува. Видеото е снимено на плажата Градиште. Низа забелешки имаше за продолжениот викенд за неносење маски, и не одржување на дистанца во Охрид. На Твитер имаше коментари …

(ВИДЕО) Охрид ќе стане „македонски Вухан“ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ предлага решенија за образованието од септември


ВМРО-ДПМНЕ излезе со предлог како да се организира образованието од септември, тврдејќи дека СДСМ и Заев не успеале да се справат досега ниту  со здравствената, ниту со економската, а сега на повидок е уште една криза на поле на образованието.ВМРО-ДПМНЕ нуди  решение во 10 точки: 1.Часот во училиштата каде ќе се одвива физичка настава да трае …

ВМРО-ДПМНЕ предлага решенија за образованието од септември Read More »

Сега и Грција стана проблематична за Ковид 19


Поради зголемениот број позитивни случаи на Ковид-19 кај туристи што се вратиле од различни делови на Грција, Министерството за здравство на Кипар соопшти дека ја преместува Грција во втората категорија земји и за патување е задолжителен негативен тест. Одлуката стапува во сила на 6 август, а до тогаш ќе бидат зголемени тестовите по случаен избор …

Сега и Грција стана проблематична за Ковид 19 Read More »

Полицијата се уште трага по момчето што исчезна во водите на Преспанското езеро


Полицијата сè уште трага по шеснаесет годишното момче од Ресен, кое вчера доцна попладне исчезна во водите на Преспанското езеро, во туристичката населба Претор. Според полицијата најпрво се превртела педалинка на која се возеле три деца, по што едно момче исчезнало, а случајот го пријавиле од Итната медицинска помош вчера околу 18 часот.  

Тигрите се спасуваат од исчезнување


Милиони луѓе ги гледаа во заробеништво во серијата на Нетфликс „Крал на тигрите“. Но, во дивината, популацијата на тигрите опаѓа со децении.Позитивна вест е дека новите бројки од добротворната организација за животински свет „WWF“ укажуваат на зголемување на нивниот број. Експертите го опишуваат тоа како „извонредно враќање“. Така, во 2010 година, имало само 3.200 диви …

Тигрите се спасуваат од исчезнување Read More »

Бајден им го честиташе Илинден на македонските Американци во САД  


Од мое и име на сопругата Џил испраќаме честитки до македонско-американската заедница по повод празникот Илинденско востание од 1903 година и антифашистичката декларација од 1944 година, стои во соопштението од синоќа на Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД. Бајден, кој со актуелниот претседател Доналд Трамп, ќе се бори на изборите годинава во ноември како кандидат …

Бајден им го честиташе Илинден на македонските Американци во САД   Read More »

Корона вирусот секој ден со нов рекорд заболени


Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа потврдени се рекордни 262.929 случаеви на новиот коронавирус. Бројот на смртни случаи се зголеми за 5.851 со што вкупно 680.894 луѓе починале од последици од Ковид-19, а бројот на заразени лица се искачи на 17.660.523. Статистиката на СЗО е заснована на официјално потврдени податоци …

Корона вирусот секој ден со нов рекорд заболени Read More »

Во повеќе црногорски градови одржани авто-литии


Во поголем број градови во Црна Гора синоќа е одржаа така наречени авто-литии во знак на протест поради усвојување на спорниот Закон за слобода на вероисповед. Во авот-литиите во Плевља, Бар и Плужине учествуваа десетина автомобили, како и во Никшиќ и во Жабњак. Приврзаниците на Српска православна црква синоќа организираа колона од десетина автомобили, кои …

Во повеќе црногорски градови одржани авто-литии Read More »

Грција дозволи летови од Македонија до Атина


Грчката агенција за цивилно воздухопловство во саботата издаде нова директива за авијација со која се дозволува сите авиони за Грција од Македонија да слетуваат само на меѓународниот аеродром во Атина (АИА), како дел од превентивните мерки на земјата против коронавирусот (Ковид19). Летовите кон и од двете земји претходно беа привремено забранети. Според новата диеектива, на …

Грција дозволи летови од Македонија до Атина Read More »

Албанските лекари бараат да се зголеми тестирањето


Поранешниот албански министер за здравство, познатиот анестезиолог и универзитетски професор, Тритан Шеху, оцени  дека речиси ништо не функционирало во земјата во борбата со Ковид-19 и оти се е многу полошо отколку на почетокот на пандемијата. – Денеска, во оваа тешка ситуација, јас не гледам стратегија. Владата ја смени улогата, стана проповедник. Нејзината улога не е …

Албанските лекари бараат да се зголеми тестирањето Read More »

Мицкоски: ВМРО е кодот на Македонецот


Ова ќе биде мој трет Илинден како претседател на најголемата политичка партија, да зборувам за она што следи во месеците и годините што се пред нас, рече во денешното обраќање Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ по повод државниот празник 2 -ри Август – Илинден во село Ташмаруништа, Струга. – Ќе започнам со Ура! За “Афтономна …

Мицкоски: ВМРО е кодот на Македонецот Read More »

Мисовски на Мечкин Камен: Македонија е пример во регионот


Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски денеска во Крушево изјави дека сме исправени пред опасноста Ковид -19, кој е тежок предизвик за здравствениот систем. Вели дека од сето ова ќе излеземе со повеќе искуство, и со вредност, а тоа е солидарноста. Им се заблагодари на здравствените работници, за нивната посветеност, хуманост и солидарност. „Работевме напорно за да бидеме …

Мисовски на Мечкин Камен: Македонија е пример во регионот Read More »

За Ахмети Охридскиот договор има иста обединувачка сила како Крушевскиот манифест


Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, го одбележа Крушевското востание од 2 август 1903 година со објава на неговата официјална страница на Фејсбук, соопштија од ДУИ. – Востанието од 2 август и Крушевската Република, кое денес го одбележуваме, треба да се изучува многу повеќе од историчарите и да се разјасни неговиот целосен …

За Ахмети Охридскиот договор има иста обединувачка сила како Крушевскиот манифест Read More »

Пендаровски од Пелинце: Само со почитување на правото ќе обезбедиме праведно општество


Претседателот Стево Пендаровски се обрати од Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце по повод Денот на Републиката 2 Август – Илинден. „Денес, кога одбележуваме 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, се сеќаваме на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани кои ги дадоа своите животи во борбата …

Пендаровски од Пелинце: Само со почитување на правото ќе обезбедиме праведно општество Read More »

(Во живо) Обраќање на премиерот Спасовски по повод Денот на Републиката


На денешен ден – 2 август Илинден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност. Нашата борба за слобода и правда преку Илинден во 1903, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година, беа столбовите на Републиката и на државноста, порача денеска во своето обраќање на скопската тврдина Кале премиерот Оливер Спасовски на …

(Во живо) Обраќање на премиерот Спасовски по повод Денот на Републиката Read More »