Момчето што изчезна во Преспанското езеро не знаело да плива


Повеќе од 20 часа трае потрагата по 16-годишното момче кое исчезна во водите на Преспанското езеро. Момчето заедно со двајца другари се возеле со педалинка, по што му се изгубила трагата. Нуркачите изјавиле дека трите момчиња биле непливачи, но никој од нив не носел елек за спасување.

Засега е неизвесно дали 16 годишникот скокнал или се лизнал од педалникта. Сопственикот на педалинките пак тврди дека децата скокале во езерото.

-Тие учат заедно со моето дете, многу ни е криво. Педалинката беше исправна, не беше превртена, немаше вода во неа. Некој рекол дека педалинката е превртена, нема такво нешто, децата скокаа од педалинката, изјавил Ведат Адемовски, сопственик на педалинките за „Телма“.

Во Полициска станица Ресен вчера во 18,18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16 – годишен малолетник од Ресен.