За време на контролите извршени викендот, инспекторите затекнале преголем број луѓе на мал простор кои не држеле дистанца помеѓу себе.  И на социјалните мрежи викендов се споделуваа фотографии од Охрид на кои можеше да се забележи дека не се почитуваат протоколите и мерките за заштита од корона вирусот.

„Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена. На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конкретно за журки во Градиште, на плажите два и три. На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки”, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид,