ВМРО-ДПМНЕ предлага решенија за образованието од септември


ВМРО-ДПМНЕ излезе со предлог како да се организира образованието од септември, тврдејќи дека СДСМ и Заев не успеале да се справат досега ниту  со здравствената, ниту со економската, а сега на повидок е уште една криза на поле на образованието.ВМРО-ДПМНЕ нуди  решение во 10 точки:

1.Часот во училиштата каде ќе се одвива физичка настава да трае 20 минути, со една паралелка во една училница! наставниците ќе работат со групи по 15, наместо по 30 ученици. Прекувремената работа на наставниците треба да биде со нивна согласност и истата да биде платена.

2.Со вака организираниот час од 20 минути училиштата може да рабoтат во три смени.

3. Часовите да бидат снимени и достапни на учениците во секое време. Тие  треба да ги снимат во моментот кога ќе ја изведуваат наставата или ден пред тоа кога ќе се подготвуваат за час.

4.Наставниците треба да работат од училиште, не од дома. Еден наставник само во една училница да држи час.

5.На вака организираниот час да присуствуваaт деца кои немаат соодветна опрема за да следат онлaјн настава, со сите превземени мерки за заштита. Тие сигурно нема да бидат пoвеќе од 15 во една паралелка.

6.За вака да работат наставниците, заедно со општините, треба да се обезбеди по еден компјутер во секоја училница и солидна интернет врска за часот непречено да се одвива.

7.За да можат наставниците да работат од училиште треба да се отворат градинките.

8.Ако недостасува персонал за организирање на дневниот престој, да се ангажираат студентите од последните години на студии на наставничките факултети.

  1. За практичната настава во средните стручни училишта треба да се организираат учениците по пет во група во повеќе смени.

10.Да се одреди една или две унифицирани платформи за спроведување на онлајн настава и за истите да се организира обука.