(ВИДЕО) Охрид ќе стане „македонски Вухан“


Видео кое е објавено на социјалните мрежи со коментар Охрид „македонски Вухан“ покажува дека на плажа во главниот туристички центар во Македонија, луѓето се забавуваат, но дистанца не се одржува. Видеото е снимено на плажата Градиште.

Низа забелешки имаше за продолжениот викенд за неносење маски, и не одржување на дистанца во Охрид.

На Твитер имаше коментари во кои се вели дека „по две недели ќе се види кој како си поминал во Охрид“, мислејќи на коронавирусот.

Министерот за здравство, Венко Филипче опомена дека вирусот не е на одмор, и дека граѓаните мора да бидат внимателни.