Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево на средба кај Дурмиши за цените на храната


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши попладнево ќе има средба со трговците, производителите и дистрибутерите на која ќе стане збор за цените на прехранбените производи. Како што информира, ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави, Владата ќе воведе ригорозни мерки. Дурмиши не прецизираше за какви …

Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево на средба кај Дурмиши за цените на храната Read More »

Тим од ФЕИТ доби награда за најдобар научен труд за модел на ВИ на македонски јазик на конференција во Виена


Студенти и истражувачи од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ/УКИМ) освоија награда за најдобар научен труд со наслов „Towards Open Foundation Language Model and Corpus for Macedonian: A Low-Resource Language“ на меѓународната конференција „Slavic NLP Workshop“, одржана во рамки на 63-тото издание на една од најпрестижните светски конференции за обработка јазик – ACL (Association …

Тим од ФЕИТ доби награда за најдобар научен труд за модел на ВИ на македонски јазик на конференција во Виена Read More »

Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин


Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека примирјето меѓу Русија и Украина „зависи“ од рускиот претседател Владимир Путин. -Зависи од него, им рече Трамп на новинарите кога го прашаа дали рокот за Путин да се согласи на примирје е сè уште на сила. Ќе видиме што има да каже. Сè зависи од него. Многу …

Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин Read More »

САД нудат награда од 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро


Соединетите Американски Држави нудат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави вчера американската државна обвинителка Пем Бонди. Во видео објавено на „X“, Бонди го обвини Мадуро за соработка со групи, вклучувајќи ја венецуелската затворска банда Трен де Арагуа и нарко-картелот Синалоа. Според американскиот Стејт …

САД нудат награда од 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро Read More »

Вечер на духовни и популарни песни на „Охридско лето“ со српскиот професионален хор „Свети Серафим Саров“


Во рамки на музичкиот дел од програмата на годинешното 65 издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва концерт на професионалниот хор „Св. Серафим Саров“ од Србија. Хорот „Св. Серафим Саров“ е формиран во 1995 година во Зрењанин, на инцијатива на Душан Сланкаменац. Со помош на првата диригентка на хорот, Камелија Ќириќ, тогашниот ансамбл кој брои околу …

Вечер на духовни и популарни песни на „Охридско лето“ со српскиот професионален хор „Свети Серафим Саров“ Read More »

Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во видео обраќање изјави дека е потребно поголемо европско влијание во тековните преговори меѓу САД и Русија за прекин на војната во Украина. -Сите одлуки што треба да се донесат за да се заврши оваа војна и да се обезбеди безбедноста, всушност влијаат на цела Европа, рече украинскиот претседател. Зеленски …

Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина Read More »

„Фајнанс тинк“: Цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата


Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ (Finance Think) го публикуваше  ФТ Став бр. 66 за движењата кај цените, каде што нотира дека цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата, туку дека таа сега е резултат на засилена домашна побарувачка и високи реални доходи и услужен сектор кој ги коригира цените нагоре. „Фајнанс …

„Фајнанс тинк“: Цените на храната веќе не ја подгреваат инфлацијата Read More »

Трамп не исклучува поголеми царини за Кина за да ја запре војната во Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп ги користи царините како алатка за надворешна политика со воведување секундарни царини за индиска стока затоа што Индија купува руска нафта, изјави министерот за финансии Скот Бесент во интервју за Фокс њуз. „Претседателот Трамп ги користи царините како инструмент за надворешна политика и наметнува секундарни царини за Индија затоа што купува …

Трамп не исклучува поголеми царини за Кина за да ја запре војната во Украина Read More »

Објавена книгата „Силината на една книга“ на Свето Стаменов


Од печат излезе книгата „Силината на една книга“ од македонскиот публицисти, политиколог и поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов. Како што информира авторот, книгата е своевидна збирка на радио-интервјуа реализирани на брановите на Македонското радио – Радио Скопје по повод 120-годишнината од објавувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ на …

Објавена книгата „Силината на една книга“ на Свето Стаменов Read More »

Топлотен бран од денес до 13 август – препораки за заштита од високите температури


Од денеска до 13 август, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39 степени Целзиусови, поради што Министерството за здравство апелира за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури. Граѓаните да престојуваат во затворени, разладени …

Топлотен бран од денес до 13 август – препораки за заштита од високите температури Read More »

Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на „формална церемонија на потпишување на мировен договор“ во Белата куќа. Во објава на својот профил на социјалните мрежи, Truth Social, Трамп исто така рече дека САД ќе потпишат и билатерални економски договори со двете земји. Двете земји, кои …

Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор Read More »

Најмалку петмина загинати во израелски напад во Либан


 Најмалку пет лица загинаа во израелски напад во Либан, објави синоќа либанското Министерство за здравство. Според Министерството за здравство, уште 10 лица се повредени во израелскиот напад врз граничниот премин Масна, кој се наоѓа на либанско-сириската граница. Израелската армија сè уште не го коментирала нападот. Од крајот на ноември минатата година е во сила прекин …

Најмалку петмина загинати во израелски напад во Либан Read More »

Дваесет и четири години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак


Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Повеќе делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а ќе биде …

Дваесет и четири години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак Read More »

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа


Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Во соопштението се вели дека израелската војска ќе се подготви да ја преземе контролата врз градот Газа. Одлуката, донесена рано утрово, означува нова ескалација во 22-месечната офанзива на Израел, која започна …

Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа Read More »

Сончево и топло до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени Целзиусови. И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе …

Сончево и топло до 37 степени Read More »

Зголемувањето на минималната плата е оправдано според сите факти и споредби: ССМ со обраќање до јавноста и до пратениците


Сојузот на синдикатите на Македонија на 03.03.2025 година до Претседателот на Собранието и Координаторите на пратеничките групи достави Предлог за минимална плата, по кој, две пратенички групи, односно две политички партии веќе доставија Предлози за зголемување на минималната плата кои за работниците од неразбирливи причини беа одбиени парламентарното мнозинство, се вели во денешното обраќање до …

Зголемувањето на минималната плата е оправдано според сите факти и споредби: ССМ со обраќање до јавноста и до пратениците Read More »

Орбан: Моќни групи во Брисел се заинтересирани за продолжување на војната


„Постои група, лидерите на Унијата, кои седат во Брисел, тие се бриселските бирократи, кои мислат дека секоја криза е за постигнување федерални, т.е. за промени што ги намалуваат овластувањата на земјите-членки и ја зајакнуваат и централизираат моќта на центарот. Сепак, интересно е што без разлика каква криза имало во последните 15 години, финансиска криза, миграциска …

Орбан: Моќни групи во Брисел се заинтересирани за продолжување на војната Read More »

Швајцарските компании ќе можат да користат скратено работно време до 24 месеци


Швајцарската премиерка Карин Келер-Сутер објави дека на швајцарските компании ќе им биде дозволено да користат скратено работно време до 24 месеци, како дел од мерките за заштита на домашната економија по примената на дополнителни американски царини во износ од 39 проценти. Барањата треба да се обработуваат брзо и без премногу бирократија, објавува Шпигел. Федералниот совет …

Швајцарските компании ќе можат да користат скратено работно време до 24 месеци Read More »

Во експлозија во куќа во Грција, повредени српски туристи. Сопственичката на куќата е приведена


Околу 15 часот во градот Аспровалта во Грција, се случила експлозија во куќа каде што престојувале туристи од Србија, соопштија волонтерите спасувачи од Волви. Во експлозијата се повредени четири лица од стакло, додека еден млад човек се здобил со тешки изгореници на неколку делови од телото, соопштија волонтерите спасувачи од Волви, како што објави N1 …

Во експлозија во куќа во Грција, повредени српски туристи. Сопственичката на куќата е приведена Read More »

Пораз од Бугарија и трето место на турнирот „Чајка“ за македонските одбојкари


 Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз од 3:0 во сетови (25:20; 28:26 и 25:23) од Бугарија на последниот ден од 49.то издание на турнирот „Бранко Хаџииљоски – Чајка“. Со овој пораз Македонија турнирот го заврши на третото место, а Бугарија е прва пред Швајцарија. Македонските одбојкари равноправни беа само во вториот сет, кој го …

Пораз од Бугарија и трето место на турнирот „Чајка“ за македонските одбојкари Read More »