Мицкоски: Партијата едногласно одлучи дека ќе учествува на изборите на 15 јули


ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седницата на Централниот комитет донесе едногласна одлука дека ќе учествува на изборите на 15 јули. Како што соопшти партискиот лидер, Христијан Мицкоски по седницата, ВМРО-ДПМНЕ очекува Талат Џафери да ги закаже изборите. Од пред Централниот штаб истакна дека договорот околу датумот се одолговлекувал зашто не можел да прифати избори кои ќе значеле …

Мицкоски: Партијата едногласно одлучи дека ќе учествува на изборите на 15 јули Read More »

Владата побара вонредна состојба до 22 јуни, Пендаровски веднаш донесе одлука


Владата на вечерашната 67-ма седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот да утврди постоење на вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска, 15 јуни, до 22 јуни. „Предлогот се поднесува заради спроведување на предвремени избори за пратеници во Собранието на …

Владата побара вонредна состојба до 22 јуни, Пендаровски веднаш донесе одлука Read More »

ДИК има испланирани дејствија за изборите, бара протокол за нивно спроведување


Откако ќе го добие Решението за распишување на предвремените парламентарни избори од претседателот на Собранието, Државната изборна комисија (ДИК) ќе почне да го организира процесот со дејствија меѓу кои и ревидирање на Роковникот. Претседателот на ДИК Оливер Дерковски  смета дека новата вонредна состојба, која се очекува да биде прогласена утре, ќе трае само за да …

ДИК има испланирани дејствија за изборите, бара протокол за нивно спроведување Read More »

Ѓоковиќ имал близок контакт со заразен со Ковид-19


Освојувачот на 17 Гренд слем титули и светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ бил во близок контакт со лице кое е заразено со коронавирус. Станува збор за српскиот кошаркар Никола Јанковиќ, за кого неговиот клуб „Партизан“ објави дека е позитивен на тест за Ковид-19. Новак и Никола беа дел од настанот во чест на тренерот …

Ѓоковиќ имал близок контакт со заразен со Ковид-19 Read More »

Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа потешко ќе добиваат кредити, предвидува ЕИБ


Малите и средни компании во Централна, Источна и Јуигоисточна Европа (ЦЕСЕЕ) годинава ќе се соочат со значително построги критериуми за одобрување на кредит, се наведува во еден од заклучоците на истражувањето на Европска инвестициска банка (ЕИБ). ЕИБ истакнува дека првпат од 2015 година повторно ќе почнат да растат ненаплатливите кредити, а банките во ЦЕСЕЕ регионот …

Фирмите од Централна, Источна и Југоисточна Европа потешко ќе добиваат кредити, предвидува ЕИБ Read More »

Стравот од нов бран на коронавирус ја намали цената на нафтата


Цените на нафтата денеска паднаа на 38 американски долари, под притисок од стравувањата дека втор бран на коронавирус во Кина, Јапонија и САД ќе го спречи закрепнувањето на побарувачката на енергенси. На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 38 центи во однос на претходното затворање и изнесува 38,35 долари. На американскиот пазар, со барелот …

Стравот од нов бран на коронавирус ја намали цената на нафтата Read More »

Измени на платформата „Дома си е дома“ по пропустот со промотивната фотографија


Платформата „Дома си е дома“ наменета за доделување на ваучерите за туризам, од денес е со нова фотографија откако претходните денови се најде на удар на критики поради тоа што промовирањето на домашниот туризам се правеше со локалитет од странство. Новата фотографија е од домашна туристичка дестинација. „Во врска со фотографијата која е употребена на …

Измени на платформата „Дома си е дома“ по пропустот со промотивната фотографија Read More »

Турканици во Тетово пред банките поради издавањето на домашната платежна картичка


Големи гужви и собирање на луѓето се евидентни денес пред банките, поштите и другите институциите на државно и локално ниво поради издавањето на државните платежни картички за помош на населението во ситуацијата со Ковид-19.  Градоначалничката Теута Арифи смета дека установите пред кои се собираат граѓаните треба да зголемат број на службеници за да оди полесно …

Турканици во Тетово пред банките поради издавањето на домашната платежна картичка Read More »

Сугарески: Сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите


Владата сè уште нема став околу евентуалното отворање на границите и аеродромите, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи ја одлуката на авиокомпанијата „Виз ер“ да ги пролонгира летовите до Северна Македонија до средината на идниот месец. – Како член на Кризниот штаб можам да кажам дека ја следиме ситуацијата, и согласно препораките …

Сугарески: Сè уште нема конечен став околу отворањето на границите и аеродромите Read More »

Парична помош од ФИФА бараат 441 фудбалер поради стечај на нивните клубови


Фудбалерите од клубовите во стечај ќе добијат помош од ФИФА. Вкупно 441 фудбалер поднеле барање до Светската асоцијација за паричен надоместок. Тоа се играчи кои имаат заостанати плати, а нивните клубови банкротирале и не можат да ги затворат долговите, објави ФИФА на Твитер. Дури 81 отсто од апликантите претставуваат европски клубови. ФИФА ќе продолжи да …

Парична помош од ФИФА бараат 441 фудбалер поради стечај на нивните клубови Read More »

Проблеми за српските туристи – не ги пуштаат ниту на Евзони, ниту на бугарско-грчката граница


Граничниот премин Богородица од денеска официјално е отворен само за транзит  на странци со што е забележано поголемо присуство на возила кои без проблем ја минуваат нашата граница, но се враќаат од страна на грчките и полициски царински службеници затоа што грчката копнена граница останува затворена за сообраќај до 30 јуни, изјавија за МИА од …

Проблеми за српските туристи – не ги пуштаат ниту на Евзони, ниту на бугарско-грчката граница Read More »

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар за литар


Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува …

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар за литар Read More »

Ангеловска: До крајот на неделата 100.000 платежни картички до граѓаните


До крајот на неделата се очекува да се дистрибуираат околу 100.000 картички од банките до корисниците на домашни платежни картички, а веќе 10.000 граѓани ги имаат добиено картичките и можат да ги користат, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на гостувањето во „Утрински брифинг“.  – Нов податок што го имаме од утринава е дека …

Ангеловска: До крајот на неделата 100.000 платежни картички до граѓаните Read More »

Дали ЕУ ќе има сопствен „Маршалов план“ по Ковид-19?


Споредбата со програмата за закрепнување на европската економија после војната и и сегашните планови за поддршка на ЕК се во голема мерка неточни, тврдат експертите   Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во повеќе наврати изјави дека на Европа и е потребен нов „Маршалов план“ за справување со економската криза, предизвикана од  новиот …

Дали ЕУ ќе има сопствен „Маршалов план“ по Ковид-19? Read More »

„Макпетрол“ обвинува дека смислено се одолговлекува решението за екстралесната нафта


Анализата за екстра лесното гориво ги констатира злоупотребите, но нема конкретни мерки, велат од „Макпетрол“   По објавената анализа за екстра лесното гориво на Министерството за финансии, компанијата „Макпетрол“ денеска преку соопштение оцени дека со неа се констатираат злоупотребите што се прават со ова гориво со години, но нема конкретни мерки, како и дека некој …

„Макпетрол“ обвинува дека смислено се одолговлекува решението за екстралесната нафта Read More »

Во кумановско Ваксинце пронајдени 51 мигрант


Во куќа во кумановското село Ваксинце полицијата вчера пронашла 51 мигрант, меѓу кои имало и шест малолетни лица. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во село Ваксинце, кумановско, полициски службеници при претрес во домот на Т.Ќ.(59), пронашле 51 мигрант, од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест …

Во кумановско Ваксинце пронајдени 51 мигрант Read More »

Отворањето на „Дизниленд“ во Хонг Конг најавено за 18 јуни


Рекреативниот „Дизниленд“ парк во Хонг Конг, што беше затворен на крајот на јануари поради епидемијата на коронавирусот, ќе продолжи да работи од 18 јуни. Детскиот парк ќе работи со намален капацитет, со ограничен број посетители, а ќе се зајакнат и мерките за заштита на здравјето, соопштуваат оттаму. Повеќето од продавниците и рестораните во овој тематски …

Отворањето на „Дизниленд“ во Хонг Конг најавено за 18 јуни Read More »

Словенија дозволи одржување меѓународни спортски натпревари и присуство на навивачи


Словенечката влада одлучи од денеска во земјата да бидат дозволени сите меѓународни спортски натпревари и тоа со присуство на публика, јави дописникот на МИА од Љубана. Портпаролот на Владата, Јелко Кацин, на редовната прес конференција изјави дека и покрај тоа што спортските натпревари ќе се одржуваат со навивачи, сепак, делегатите ќе мораат да се осигураат …

Словенија дозволи одржување меѓународни спортски натпревари и присуство на навивачи Read More »

Макрон прогласи „прва победа“ против епидемијата со коронавирусот


Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до нацијата ја прогласи првата победа против епидемијата со Ковид-19, три месеци откако и прогласи „војна“, јави дописникот на МИА. -Војната против епидемијата не е готова, но сум среќен поради оваа прва освоена битка против вирусот, рече Макрон. Вчера беа регистрирани само девет смртни случаи и бројот на лицата …

Макрон прогласи „прва победа“ против епидемијата со коронавирусот Read More »

Индустријата во Кина со раст од 4,4 отсто во мај, помалку од очекувањата


Кинеското индустриско производство се зголеми за 4,4 проценти во мај во однос на претходната година, но стапката на раст беше пониска од очекуваната, според официјалните податоци објавени денеска. Аналитичарите прогнозираат раст од 5,0 проценти на годишно ниво, по порастот од 3,9 проценти во април, затоа што во мај повеќе компании го продолжија производството, што беше …

Индустријата во Кина со раст од 4,4 отсто во мај, помалку од очекувањата Read More »