Словенија дозволи одржување меѓународни спортски натпревари и присуство на навивачи


Словенечката влада одлучи од денеска во земјата да бидат дозволени сите меѓународни спортски натпревари и тоа со присуство на публика, јави дописникот на МИА од Љубана.

Портпаролот на Владата, Јелко Кацин, на редовната прес конференција изјави дека и покрај тоа што спортските натпревари ќе се одржуваат со навивачи, сепак, делегатите ќе мораат да се осигураат дека се почитуваат сите препораки на Националниот институт ја јавно здравје со цел спречување ширењето на коронавирусот.

И покрај ваквата одлука, со која на стадионите ќе се врати публиката, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија Раденко Мијативиќ изјави дека финалето на купот, што е закажано за 24 јуни, сепак, ќе се одигра без гледачи.