Во кумановско Ваксинце пронајдени 51 мигрант


Фото: Б. Грданоски

Во куќа во кумановското село Ваксинце полицијата вчера пронашла 51 мигрант, меѓу кои имало и шест малолетни лица.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во село Ваксинце, кумановско, полициски службеници при претрес во домот на Т.Ќ.(59), пронашле 51 мигрант, од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест малолетни лица.

Полицијата го известила обвинителството и се работи на расчистување на случајот.