Измени на платформата „Дома си е дома“ по пропустот со промотивната фотографија


Платформата „Дома си е дома“ наменета за доделување на ваучерите за туризам, од денес е со нова фотографија откако претходните денови се најде на удар на критики поради тоа што промовирањето на домашниот туризам се правеше со локалитет од странство. Новата фотографија е од домашна туристичка дестинација.

„Во врска со фотографијата која е употребена на платформата “Дома си е дома“
(www.domasiedoma.gov.mk и www.pushimenevend.gov.mk ) преку која се реализира
мерката за ваучери за туризам за граѓани со ниски приходи, сакаме да ве известиме дека фотографијата е превземена со сите авторски права“, соопштија од министерството.
Преку оваа платформа акцентот се става на промовирање на туристичките потенцијали на нашата земја, па од Министерството за економија велат дека ќе биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде граѓаните ќе можат да ги користат ваучерите за поттикнување на домашниот туризам.

Од денес почна и регистрирањето на домашните сместувачки капаацитетети кои ќе им бидат достапни на граѓаните за користење на ваучерите во износ од 6.000 денари.

Инаку, фотографијата изминатите неколку денови се најде во центарлот наа вниманието откако британскиот фотограф Симон Мигај  реагираше на социјалните мрежи дека Македонија користи негова фотографија за владината кампања, која е странство, односно од езерото Кенигс.