Повредени три лица во сообраќајка на „Партизанска“


Tри лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на крстосницата на булевар „Партизански одреди“ и булевар „8 Сетември“ во Скопје, соопшти МВР. – Во сообраќајната незгода учествуваа три возила Мерцедес, Хонда и БМВ, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се три лица, велат од МВР. Двајца од повредените се пренесени во комплексот …

Повредени три лица во сообраќајка на „Партизанска“ Read More »

Републиканците официјално го номинираа Трамп за претседател на САД


Делегатите на Републиканската партија на денешната Националната конвенција во Шарлот официјално го номинираа Доналд Трамп за кандидат на претседателските избори во САД на 3 ноември. Претходно, официјално беше потврдена и номинацијата на Мајк Пенс за кандидат за потпретседател на САД. Пандемијата на коронавирусот ги наруши плановите на демократите и на републиканците да одржат големи предизборни конвенции, но републиканците, со …

Републиканците официјално го номинираа Трамп за претседател на САД Read More »

Финската премиерка предлага да се работи шест наместо осум часа дневно


Финската премиерка Сана Марин денеска повика да се скрати сегашниот осумчасовен работен ден, нагласувајќи дека покусо работно време може да се компензира со зголемена продуктивност. Марин, која ја започна идејата за шестчасовен работен ден пред да стане премиерка, ќе мора да ги убеди другите четири партии во коалициската Влада да го отворат патот за скратување …

Финската премиерка предлага да се работи шест наместо осум часа дневно Read More »

Фејсбук ќе ѝ плати на Франција 104 милиони евра даночен долг


Францускиот огранок на Фејсбук се согласи да плати повеќе од 100 милиони евра даночен долг, вклучително и парична казна, кој ги опфаќа сметководствените години пред 2018 година, објавено е на веб-страницата на француското финансиско списание „Капитал“. Според документацијата до која „Капитал“ имал пристап, на Фејсбук му било наложено да плати вкупно 104 милиони евра долг, …

Фејсбук ќе ѝ плати на Франција 104 милиони евра даночен долг Read More »

На Димитриеска Кочоска не ѝ се допадна заклучокот на Антикоруциска за Ангеловска и ја нарече продолжена рака на Заев


Претседателката на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска денес ја нарече Државната комисија за спречување на корупцијата продолжена рака на Зоран Заев, откако на прес конференција рече дека е шокирана од заклучокот на комисијата за министерката Нина Ангеловска во случајот Еуростандард банка. Таа додаде дека тоа не е само нејзин став, …

На Димитриеска Кочоска не ѝ се допадна заклучокот на Антикоруциска за Ангеловска и ја нарече продолжена рака на Заев Read More »

Грција и Бугарија ќе градат пловна станица за течен природен гас во Александруполи


Националниот оператор во Бугарија за природен гас, компанијата „Булгартрансгас“, преку преземени 20 отсто од акциите во грчката компанија „Гастрејд“, учествува во проектот за терминалот за течен природен гас во близина на Александруполи во Грција, што ќе претставува нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и Северна …

Грција и Бугарија ќе градат пловна станица за течен природен гас во Александруполи Read More »

Седумте величествени: Кои се компаниите кои вредат вкупно 7,7 билиони долари


Технолошките гиганти доминираат на американскиот пазар на капитал. „Епл“ сега вреди повеќе од 2 илјади милијарди долари. Компаниите во групата „Фаб 5“ – „Епл“, „Амазон“, „Мајкрософт“, „Алфабет“ („Гугл“) и „Фејсбук“ – вкупно вредат на пазарот повеќе од 7 илјади милијарди долари, објави „Си-ен-ен“. Ако на овој список се додадат „Тесла“ и „Нетфликс“, „Седумте величествени“ кои …

Седумте величествени: Кои се компаниите кои вредат вкупно 7,7 билиони долари Read More »

Министерката Ангеловска можела да знае податоци за Еуростандард банка


Министерката за финансии Нина Ангеловска не го знаела денот кога и дали ќе се случи донесувањето на одлуката за стечај на Еуростандард банка, во времето кога ги носела своите одлуки, но била во позиција да ги има тие информации со што ја става во состојба на судир на интереси. Ова денес на прес конференција го …

Министерката Ангеловска можела да знае податоци за Еуростандард банка Read More »

И покрај корона кризата „Ербиенби“ излегува на берза


Компанијата за споделување сместувачки услуги „Ербиенби“ (Airbnb) соопшти дека поднела барање за излегување на берза, по многу нестабилната 2020 година кога поради глобалната криза од пандемијата на корона вирусот, профитот се преполовил во однос на претходната година, пишува „Стартит“. Се шпекулира дека одлуката била под влијание на работниците кои се вработени во компанијата уште од …

И покрај корона кризата „Ербиенби“ излегува на берза Read More »

Градежниците во странство сработиле за една третина помалку од лани


Во периодот јануари – јуни 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 192.404.000 (околу 3,12 милиони евра), што е за 16,1 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни …

Градежниците во странство сработиле за една третина помалку од лани Read More »

Баерн го совлада ПСЖ и по шести пат стана европски фудбалски шампион


Фудбалерите на Баерн Минхен се победници во Лигата на шампионите за сезоната 2019/20 година. Во последниот натпревар од елитното натпреварување за оваа сезона, Баварците вечерва во Лисабон го совладаа Пари Сен-Жермен со 1:0. Стрелец на голот вреден трофеј во Лигата на шампионите беше Кингсли Коман во 59. минута. Завршницата на Лигата на шампиони, поради пандемијата, …

Баерн го совлада ПСЖ и по шести пат стана европски фудбалски шампион Read More »

Грција со црн рекорд – нови 284 случаи на Ковид-19


Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран нов, рекорден број нови случаи на Ковид-19, односно 284, највисока бројка од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Според денешните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција починаа уште две лица, односно 242 од почетокот на епидемијата, а приклучен на апарати е …

Грција со црн рекорд – нови 284 случаи на Ковид-19 Read More »

(Видео) Лукашенко со пушка во рака пристигна во резиденцијата во Минск


Кабинетот на белорускиот претседател деманитира дека хеликоптерот што слета пред Палатата на независноста требало да го евакиира Александар Лукашенко. Според Кабинетот, Лукашенко не е евакуиран туку со хеликоптер пристигнал во својата резиденција. На социјалните медиуми објавена е снимка како Лукашенко се симнува од хеликоптер, носи панцир, а во раката држи пушка. Претходно дел од белоруските …

(Видео) Лукашенко со пушка во рака пристигна во резиденцијата во Минск Read More »

Силекс го „потопи“ Вардар за лидерско место на табелата во ПМФЛ


Екипата на Силекс е нов лидер во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево забележа убедлива победа на гостувањето кај Вардар. Три бода денес на своето конто додаде и Струга по минималната победа над Борец, додека во Битола, Пелистер и Работнички ремизираа. Резултати 3. коло ПМФЛ: Пелистер – Работнички 0:0 Струга Трим Лум – Борец 1:0 …

Силекс го „потопи“ Вардар за лидерско место на табелата во ПМФЛ Read More »

Димовски: Во пресудата не пишува Митревски да се врати на чело на ССМ


Актуелниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека слободно може да се спроведе одлуката на Вишиот управен суд на која денеска се повика поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски. – Слободно нека ја спроведат пресудата на судот, но таа вели – да се врати назад на разгледување …

Димовски: Во пресудата не пишува Митревски да се врати на чело на ССМ Read More »

Лига на шампиони: Француско – германски фудбалски самит


Денешниот француски печат опширно се задржува на француско-германското финале меѓу ПСЖ и Баерн-Минхен во Лигата на шампионите, поради кое вечерва авенијата Шанзелизе ќе биде резервирана само за пешаците, јави дописникот на МИА. Францускиот печат зборува за „француско-германски самит“, тоа е насловот на спортскиот весник „Л’Екип“, кој насловот го придружува со фотомонтажа на која Килијан Мбапе …

Лига на шампиони: Француско – германски фудбалски самит Read More »

Претседателот на УЕФА сака да ја задржи шемата „Фајнал 8“ во евро-куповите


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изрази мислење дека шемата за плејоф во евро-куповите за еден натпревар изгледа ветувачка и организацијата треба да размислува за воведување на ваков систем следните сезони. Оваа сезона, поради пандемијата на коронавирус, натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа од четвртфиналето се играа по систем „Фајнал 8“, односно по …

Претседателот на УЕФА сака да ја задржи шемата „Фајнал 8“ во евро-куповите Read More »

Живко Митревски најави враќање на чело на ССМ, добил на Вишиот управен суд


Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски денеска на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба. Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на ССМ. – Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира, рече Митревски на прес-конференцијата. Митревски …

Живко Митревски најави враќање на чело на ССМ, добил на Вишиот управен суд Read More »

Домашната платежна картичка ја искористиле 309.337 граѓани, вкупниот промет 26,5 милиони евра


Вкупно 309.337 граѓани ја искористиле домашната платежна картичка, а вкупниот реализиран промет изнесува 26,5 милиони евра, објави попладнево министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот Фејсбук профил. – Ова е најобемната мерка од ваков тип која се спровела кај нас, која воспостави нов начин на имплементација. Како антикризна мерка, главни цели на домашната платежна картичка …

Домашната платежна картичка ја искористиле 309.337 граѓани, вкупниот промет 26,5 милиони евра Read More »

Берзи: Технолошкиот сектор го вивна Волстрит на рекордно ниво, другите пазари во пад


На Волстрит, индексот S&P 500 достигна рекордно ниво минатата недела, во голема мерка благодарение на растот на секторот за технологија, додека на другите светски берзи инвеститорите се повнимателни заради бавното закрепнување на економиите. Индексот Дау Џонс остана практично непроменет минатата недела, на 27.930 поени, додека S&P 500 се искачи за 0,7 проценти на рекордни 3.397 …

Берзи: Технолошкиот сектор го вивна Волстрит на рекордно ниво, другите пазари во пад Read More »