Моторџиите во недела со дефиле ќе ја подигаат свеста за машкото здравје


Во недела низ скопските улици повторно ќе продефилираат урбаните моторџии како дел од глобалното хуманитарно движење „The Distinguished Gentleman’s Ride“ во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје и машките болести. За разлика од лани кога поради пандемијата имаше индивидуално возење под слоганот „Ride solo together“, годинава организацијата предвидува т.н. „нова нормална” изведба со …

Моторџиите во недела со дефиле ќе ја подигаат свеста за машкото здравје Read More »

Медиуми: Гризман го менува Роналдо во Јувентус


Напаѓачот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Антоан Гризман, би можел ова лето да го замени Кристијано Роналдо во редовите на италијански Јувентус, пренесуваат денеска шпанските и италијанските медиуми. Каталонски „Спорт“ наведува дека Барселона летово сака да ја реконструира екипата, а еден од играчите, кој претседателот Жоан Лапорта сака да го продаде е францускиот репрезентативец. Според …

Медиуми: Гризман го менува Роналдо во Јувентус Read More »

Ајфеловата кула се отвора за посетители на 16 јули


Ајфеловата кула во Париз повторно ќе се отвори на 16 јули по неколкумесечно затворање поради пандемијата на коронавирусот. Тоа го соопшти денеска операторот на обележјето во Париз. Бројот на посетители ќе биде ограничен на 10.000 на ден за да се исполнат барањата за дистанцирање. Тоа е помалку од половина од нивоата пред Ковид-19, нагласи операторот …

Ајфеловата кула се отвора за посетители на 16 јули Read More »

(Фото, видео) Ѓоковиќ и Чифлиганец отворија градинка близу Златибор


Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „Проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ со Адора Бизнис Групацијата, како главни партнери во заедничка хумана мисија отворија нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор и покажаа дека хуманоста нема граници, соопштија од Адора инженеринг. Од таму додаваат дека станува збор за нова градинка во рурална средина во општина Чајетина во …

(Фото, видео) Ѓоковиќ и Чифлиганец отворија градинка близу Златибор Read More »

Компанијата „Лутекс“ планира инвестиции од 1,2 милиони евра и нови работни места


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари посета на компанијата Лутекс, лоцирана во селото Долно Оризари во општина Велес, каде оствари средба со сопственикот на компанијата Маркус Туч и изврши обиколка на производствените погони. Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство што со инвестиции на оваа …

Компанијата „Лутекс“ планира инвестиции од 1,2 милиони евра и нови работни места Read More »

Предлог-законот за буџети пред пратениците – опозицијата бара јавна расправа


Собранието денеска ја продолжи 41. седница, на која пратениците дискутираа за Предлог-законот за буџети во прво читање. Гласањето по оваа точка ќе биде дополнително закажано, соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери. Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски го образложи законот и рече дека досегашниот бил од 2005 година. Посочи дека е наметната потреба да се создаде …

Предлог-законот за буџети пред пратениците – опозицијата бара јавна расправа Read More »

Преполовен бројот на превезени патници во првото тримесечје


Бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2021 година изнесува 9.158.000 и во однос на истиот период лани е намален за 44,5 отсто, објави Државиот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 42,8 отсто, во приградскиот превоз за 45,3 отсто, …

Преполовен бројот на превезени патници во првото тримесечје Read More »

Со законски измени се намалува возрасната граница на корисници на лична асистенција  


Со измена на членот 76 од Законот за социјална заштита, лична асистенција ќе им биде овозможена и на помлади лица со попреченост од 18 години, односно возрасната граница се спушта на деца со наполнети шест години. Услугата е наменета за лица со потешка и најтешка физичка попреченост и за целосно слепи лица. Личната асистенција е …

Со законски измени се намалува возрасната граница на корисници на лична асистенција   Read More »

Земјотрес почувствуван во Маврово и Гостивар


Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,3 степени е регистриран денеска во 12 часот и 06 минути во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 65 километри југозападно од Скопје. Земјотресот е почувствуван од населението во Маврово и Гостивар со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.    

Акадамик Таки Фити e против зголемување на ДДВ, до повеќе јавни приходи преку намалување на евазијата


Акадамик Таки Фити не препорачува зголемување на стапката на ДДВ во постковид периодот, како можен извор за поголеми јавни приходи, но не се противи на прогресивна стапка данок од доход за физичките лица и за оданочување на имотот. Тој исто така смета дека не треба да се чепка во данокот за фирмите, а зголемувањето на …

Акадамик Таки Фити e против зголемување на ДДВ, до повеќе јавни приходи преку намалување на евазијата Read More »

Момче се удави во Радика


Помлад жител на долнореканското село Ростуше го загуби животот со давење во водите на Радика. Телото било извадено во близина на селото Јанче. Според СВР Тетово, вчера во попладневните часови (19.05.2021 во 17.00) часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог“, општина Маврово и Ростуше, било …

Момче се удави во Радика Read More »

„Тесла“ почнува масовно производство на најбрзиот автомобил во светот


Производителот на електрични автомобили „Тесла“ го почнува производството на „Модел С плејд“ на 3 јуни. Како што објави шефот на компанијата, Илон Маск, на својот Твитер-блог, ова ќе биде најбрзиот автомобил во масовно производство во светот. „Модел С плејд“ ќе се произведува во фабриката во Калифорнија (САД). Електромобилот, според наводите, постигнува брзина од 97 км/ч …

„Тесла“ почнува масовно производство на најбрзиот автомобил во светот Read More »

Буфон го освои својот последен трофеј со Јувентус


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон синоќа со својот тим го освои Купот на Италија. Во финалето Јуве ја совлада Аталанта (2:1). Четириесет и тригодишниот голман го одигра целиот натпревар. За Буфон ова е последен трофеј со „старата дама“. Тој претходно најави дека ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната. Тимот веќе ги загуби шансите …

Буфон го освои својот последен трофеј со Јувентус Read More »

Топилница Велес еколошка бомба – по вчерашната експлозија инспекторите на терен


Државниот инспекторат за животна средина информира дека направил итен увид во кругот на поранешната Топилница во Велес, откако по силната експлозија на 19 мај изби пожар. -Топилницата е индустриско еколошко жариште, а објектите се во сопственост на Метрудхем. Увид на терен направија и инспектори од СВР Велес и констатирано е дека пожарот избувнал во текот …

Топилница Велес еколошка бомба – по вчерашната експлозија инспекторите на терен Read More »

Битиќи: Се засилуваат активностите за проекти за енергетска ефикасност


Унапредувањето на соработката помеѓу Владата и развојните агенции на Германија и Франција во насока на реализација на проекти за енергетска ефикасност, беше тема на разговор на денешната средба на вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер, заменикот амбасадор на Сојузна Република Германија Ото …

Битиќи: Се засилуваат активностите за проекти за енергетска ефикасност Read More »

Заев: Развиваме огромни енергетски проекти со соседна Грција, тоа се важни геостратешки приоритети


Целиот свет е посветен на темата инвестирање во обновливите извори, енергетската ефикасност, заштеда на енергијата, енергетиката и дигитализацијата генерално и ние сме посветени на овие приоритети, порача денеска премиерот Зоран Заев. Во денешното утринско интервју за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ посочи дека при неодамнешната посета на Грција во фокусот на средбите биле поддршката на …

Заев: Развиваме огромни енергетски проекти со соседна Грција, тоа се важни геостратешки приоритети Read More »

Билетот за вселенското летало на Безос достигна 2,4 милиони долари


Приватната ракетна компанија на милијардерот Џеф Безос, „Блу ориџин“ соопшти дека постојната највисока понуда за место во вселенското туристичко летало „Њу Шепард“ е 2,4 милиони долари, постигната во вториот круг од аукцијата. Ракетата со капсула „Њу Шепард“ е дизајнирана за самоуправувачки превоз на шест патници на височина од над 100 километри над површината на Земјата. …

Билетот за вселенското летало на Безос достигна 2,4 милиони долари Read More »

Израел сооопшти дека го уништил системот од подземни тунели на Хамас во Појасот Газа


Израелската армија денеска соопшти дека го „неутрализирала“ широкиот систем од подземни тунели, ископан од милитантите на Хамас во Појасот Газа, јави ДПА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нивните борбени авиони уништиле повеќе од 90 километри тунели што го сочинуваат подземниот систем познат како Метро, а исто така и како „град под градот“. ИДФ соопшти …

Израел сооопшти дека го уништил системот од подземни тунели на Хамас во Појасот Газа Read More »

Кинескиот ровер ги испрати првите слики од Марс


Првата кинеска сонда што слета на Марс минатата недела, во својот историски потфат ги испрати и првите фотографии од „Црвената планета“. Роверот „Џуронг“ прицврстен за слетувач ја проби атмосферата на Марс во саботата. Кина е првата земја што успешно инсталира сонда за време на својата прва мисија на Марс. „Џуронг“ пристигна на Марс неколку месеци …

Кинескиот ровер ги испрати првите слики од Марс Read More »

На Антарктикот создаден најголемиот леден брег на светот, поголем од шпанскиот остров Мајорка


Огромна санта мраз се одвои од западната страна на ледената плоча Рона во морето Ведел на Антарктикот, соопшти вчера Европската вселенска агенција (ЕСА). Ледениот брег, познат како А-76, има големина од околу 4.320 квадратни километри со што во моментов е најголемиот во светот. Ледениот брег е забележан на неодамнешните фотографии снимени од сателитската мисија на Коперникус – Сентинел-1 и …

На Антарктикот создаден најголемиот леден брег на светот, поголем од шпанскиот остров Мајорка Read More »